Search
Close this search box.

Младиот предавач по есперанто

Пишува: Калина Стојановска

Далечната 1960 год. бев тукушто дојдена во Скопје, да го продолжам основното образование, бидејќи во моето родно село училиштето се затвори. Тоа беше период на масовно празнење на селата и заминување во градовите во потрага по подобар живот. Татко ми беше купил мал плац во нивите над Капиштец, приправил две собички и така јас станав петтооделенка во основното училиште Кочо Рацин во Скопје.

Беше тоа за мене голема промена во споредба со животот во планинското село под Јабланица! И ден денес се прашувам што ме натера во новото училиште да се запишам баш на часови по есперанто, како воншколска активност! А таму, предавач млад, многу сериозен човек, речиси момче: Ѓорѓе Марјановиќ! Часовите беа исклучително интересни благодарејќи токму на впечатливиот наставник! Признавам дека не научив нешто многу бидејќи часовите набргу престанаа да се одржуваат, не знам од кои причини. Но и покрај тоа, еве сè уште се сеќавам на ликот, дури и гласот на младиот предавач, за кого подоцна во животот читав и слушав и с што дознавав само ја зголемуваше мојата почит што ја почувствував уште во детсвото на неговите часови по есперанто!

А бидејќи сум пасиониран читател, особено се восхитувам на неговиот превод на Пруст, од кој за жал имам недоволно прочитано! Длабок наклон за професорот!


Сте биле сведок на интересна случка?

Доколку лично сте присуствувале на некој интересен настан и сакате да го споделите со јавноста, ве молиме контактирајте нè на contact@fgm.org.mk или 076 406 996.