Search
Close this search box.

НА БУ­ДА­ЛЕ ИМ ПИ­ШУ­Е НА ЧЕ­ЛО!

25.11.1998

На вре­ме­то, во екот на сан­кци­и­те на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца спре­ма на­ши­от се­ве­рен со­сед, ко­га Фа­на­ри­о­ти­те (од па­ни­чен страв за име­то) ни ја зат­во­ри­ја јуж­на­та гра­ни­ца, пој­дов по соп­стве­на ини­ци­ја­ти­ва “на му­а­бе­та кај г. Гли­го­ров (то­гаш бев прет­се­да­тел на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, па мо­жев, од­вре­ме-нав­ре­ме, да си го доз­во­ла­м тој лук­суз) и го пра­шав: “Гос­по­дин прет­се­да­те­ле, до ко­га ма­ке­дон­ска­та гра­ни­ца кон Гр­ци­ја ќе фун­кци­о­ни­ра на принцип на ос­мот­ски при­ти­сок? (што ќе ре­че: принцип на по­луп­ро­пуст­ли­вос­т – гра­ни­ца­та е зат­во­ре­на за нас, но не и за Гр­ци­те).

Иа­ко со­се­ма доб­ро раз­бра што има­м на ум, Прет­се­да­те­лот ме пра­ша што, спо­ред ме­не, би тре­ба­ло да сто­ри Ма­ке­до­ни­ја. Рет­ри­бу­ти­вец, ка­ков што ме дал Гос­под, под­гот­ве­но воз­вра­тив: “Ви­е сте прав­ни­к и го зна­е­те ос­нов­ни­от принцип на ме­ѓу­на­род­но­то јав­но пра­во: ре­цип­ро­ци­тет! Во мо­мен­тот ко­га Гр­ци­ја ре­ши­ла да ја зат­во­ри гра­ни­ца­та, та­а мо­ра да би­де зат­во­ре­на во обе­те на­со­ки. Тре­ба ит­но да се зат­во­ри и на­ша­та гра­ни­ца за Гр­ци­те. При­тоа, ни­кој на све­тов не­ма да ни за­ме­ри де­ка пра­ви­ме неш­то над­вор од пра­ви­ла­та на од­не­су­ва­ње ме­ѓу су­ве­ре­ни зем­ји”.

По оби­чај, г. Гли­го­ров се сог­ла­си де­ка принци­пот е ја­сен и ни доз­во­лу­ва да по­ста­пи­ме та­ка, ар­но ама (се­ко­гаш има ед­но “ама”, што му го ра­си­пу­ва к’сме­тот на чу­пе­то!) то­а мно­гу ќе им наш­те­те­ло на “сим­па­ти­и­те што све­тот ги од­гле­ду­вал за Ма­ке­до­ни­ја”. Ја оче­ку­вав та­а при­каз­на: “Си зе­ма­м сло­бо­да да пра­ша­м (се раз­би­ра, до­кол­ку не е држав­на тај­на), кол­ку ми­ли­о­ни до­ла­ри вле­го­а во ова­а зем­ја на смет­ка на ти­е пла­ме­ни сим­па­ти­и што све­тот ги од­гле­ду­ва за Ма­ке­до­ни­ја?”. И уш­те пот­се­тив де­ка и Гр­ци­ја и Ун­га­ри­ја и Ро­ма­ни­ја (за дру­ги­те не зна­ев) си нап­ла­ти­ја обесште­ту­ва­ње на смет­ка на сан­кци­и­те спре­ма Ми­ло­ше­виќ, са­мо ни­е не до­бив­ме ниш­то, за­чу­ву­вај­ќи го уба­ви­от впе­ча­ток врз при­ја­тел­ски­от свет, кој ни име­то не ни го приз­на­ва.

Од­го­во­рот на прет­се­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја бе­ше де­ка не би­ло сѐ во па­ри­те! Се раз­би­ра, во жи­во­тот на еден чо­век (па и на ед­на зем­ја) не е сѐ во па­ри­те: има ра­бо­ти што не се пла­ќа­ат со па­ри, а што че­сен, мо­ра­лен чо­век (су­ве­ре­на зем­ја што држи до по­и­мот на су­ве­ре­нос­та и соп­стве­но­то држав­но дос­то­инство, не по­ма­лу) се­пак мо­ра да ги сто­ри. Ина­ку, не е чо­век дос­тоен за по­чит. Ина­ку, не е држа­ва дос­тој­на за по­чит!

Ток­му за­тоа, Ма­ке­до­ни­ја не сме­е­ше да че­ка две го­ди­ни и ку­сур за Гр­ци­ја да сфа­ти оти Ма­ке­до­ни­ја мо­же да пре­жи­ве­е и без не­а (а про­цен­ка­та бе­ше де­ка не­ма да из­држи­ме “ни пет­на­е­сет де­на”). Ток­му за­то­а што не е сѐ во па­ри­те, ни­е мо­ра­ше да по­ка­же­ме де­ка сме су­ве­ре­на зем­ја и де­ка зна­е­ме што е то­а ме­ѓу­на­ро­ден по­ре­док, де­ка сме под­гот­ве­ни да го по­чи­ту­ва­ме, но де­ка то­а тре­ба да го пра­ва­т и на­ши­те со­се­ди.

На пра­гот од 1999 го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја е пред слич­но ис­ку­ше­ние: ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ре­ши­ла (со или без зна­е­ње на екс-вла­де­јач­ки­те ју­но­ши) на на­ша­та те­ри­то­ри­ја да ги раз­мес­ти сво­и­те си­ли за бр­за ин­тер­венци­ја (ко­и се­га еу­ф­е­мис­тич­ки се на­ре­ку­ва­ат: “си­ли за из­вле­ку­ва­ње”, а ко­и тре­ба да ин­тер­ве­ни­ра­ат до­кол­ку се вло­ша­т сос­тој­би­те на Ко­со­во). То­а прак­тич­но зна­чи: не­ма ниш­то од ма­ке­дон­ска­та зак­лет­ва (пред се­вер­ни­те бра­ќа) де­ка те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја не­ма да се ко­рис­ти про­тив зем­ја­та во ко­ја до вче­ра оде­а 60% од ма­ке­дон­ско­то про­из­вод­ство од се­ка­ков вид. Ај­де, не­ка и не се пол­ни 60%, број­ка­та се­пак е го­ле­ма (и за нас мно­гу зна­чај­на).

А де­ка Ср­би­те (за раз­ли­ка од нас) и под Сло­бо има­ат држа­ва со си­те ни­ша­ни, не сме­е во ни­е­ден мо­мен­т да се за­бо­ра­ви.

Ра­бо­та­та со раз­мес­ту­ва­ње­то на си­ли­те на НА­ТО се чи­ни на­пол­но си­гур­на. Од до­се­гаш­но­то по­ве­де­ни­е на Ма­ке­до­ни­ја на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на, не­ко­му таа, ка­ко држа­ва, му из­гле­да тол­ку ров­ка и по­дат­ли­ва за ма­ни­пу­ли­ра­ње, што и не се сом­не­ва де­ка но­ва­та вла­да ќе ја да­де доз­во­ла­та (ко­ја очиг­лед­но ја ве­ти­ле на­ши­те до­се­гаш­ни од­бран­бе­ни ге­ни­јал­ци). Во пе­ча­тот мо­же да се про­чи­та­ат ед­но чу­до под­роб­нос­ти за си­ли­те за из­вле­ку­ва­ње тр­ње од но­га­та: за нив­ни­те во­е­ни за­да­чи, за нив­ни­от на­ци­о­на­лен сос­тав (ду­ри и за лич­нос­та и чи­нот на нив­ни­от ко­ман­дант), за го­ле­ми­на­та, оп­ре­ме­нос­та, за смес­ту­ва­ње­то во ку­ма­нов­ски­те ка­сар­ни. Фрча­т ма­пи, на ко­и (ви­ди чу­до!), зем­ји­те што ина­ку нас­тој­чи­во не нав­ре­ду­ва­ат со ево­ка­тив­ни­от ак­ро­ним FYROM, се­га, без сра­м и пер­де, пи­шу­ва­ат “Macedonia”, а не­ко­и на­шинци то­а ве­ќе го тол­ку­ва­ат ка­ко пол­но приз­на­ни­е за на­ша­та ка­у­за. (Ку­ма­нов­ци ве­лат: “На бу­да­ле им пи­шу­е на че­ло!”. Ова зна­чи: се препоз­на­ва­ат по она што го пра­ват.)

Де­но­ви­ве поч­нав­ме да ги чув­ству­ва­ме и први­те (не осо­бе­но дис­крет­ни) сигна­ли од се­вер­ни­от со­сед, кој нѐ пре­дуп­ре­ду­ва да не си пра­ви­ме бај­ра­м со умот де­ка тој ќе се­ди со скрсте­ни раце до­де­ка ни­е му го држи­ме но­жот под гр­ло: ор­га­нот на ССР­Н­М на прва­та стра­ни­ца из­вес­ту­ва де­ка Бел­град ги ог­ра­ни­чу­ва тран­спортни­те доз­во­ли за ма­ке­дон­ски­те пре­воз­ни­ци. На­мес­то 5000 ба­ра­ни, Ма­ке­до­ни­ја до­би­ла са­мо 1.000 вак­ви доз­во­ли, па и ти­е се ве­ќе пот­ро­ше­ни.

Ако но­ва­та ма­ке­дон­ска вла­да доз­во­ли во Ма­ке­до­ни­ја да дој­да­т из­вле­ку­ва­чи­те на НА­ТО, мо­же да се слу­чи зем­ја­ва да ни ста­не уни­ка­тен ге­ог­раф­ски фе­но­мен: кон­ти­нен­та­лен по­лу­ос­тров! То­гаш, па­тот кон Ев­ро­па ќе вр­ви са­мо и единстве­но пре­ку мај­ка Бол­га­ри­ја, а та­а не­ма да про­пуш­ти то­а уба­во да ни го нап­ла­ти. Заш­то и та­а (и пок­рај ла­мен­тоз­на­та еко­ном­ска сос­тој­ба) е држа­ва со јас­ни на­ци­о­нал­ни при­о­ри­те­ти. Ма­ке­до­ни­ја е еден од нив.

Се­га му е мај­ка­та но­ва­та влас­т да по­ка­же на де­ло да­ли уме­е да сто­ри неш­то по­па­мет­но од ста­ра­та (за доб­ро­то на зем­ја­та): да­ва­ње­то на оче­ку­ва­на­та доз­во­ла Ср­би­те се­ка­ко ќе фа­та­т да си го тол­ку­ва­ат ка­ко оче­ку­ван ан­тисрп­ски гес­т на душ­ма­ни­те што им го уби­ја кра­лот, без ог­лед на фак­тот де­ка то­а ве­ќе го ве­ти­ле нив­ни­те дов­че­раш­ни вла­де­јач­ки со­јуз­ни­ци. Ако ве­ќе мо­ра да се да­де та­а доз­во­ла, но­ва­та влас­т би мо­ра­ла ска­по да ја нап­ла­ти (ја­ли со обесште­ту­ва­ње од срп­ска­та бло­ка­да, ја­ли со ко­неч­но de jure приз­на­ва­ње на служ­бе­но­то име на зем­ја­та, нај­доб­ро – со обе­те за­ед­но!).

Ако не го сто­ри тоа, за­лу­до сме гла­са­ле за про­ме­ни (за традицио­нал­ни­те “сим­па­ти­и спре­ма Ма­ке­до­ни­ја”, та­а доз­во­ла ќе им ја да­де­а бес­плат­но и по­мод­ре­ни­те ју­но­ши). Ако, нап­ро­тив, но­ва­та вла­да ре­ши “да тре­ни­ра стро­го­ти­ја” и да не им ја да­ва пот­реб­на­та доз­во­ла на НА­ТО (а без не­а не се мо­же!), се­га му е мај­ка­та сво­ја­та од­лу­ка вла­да­та де­бе­ло да ја нап­ла­ти од Се­вер (ја­ли со ко­неч­но зат­во­ра­ње на пра­ша­ње­то на гра­ни­ца­та, вклу­чу­вај­ќи по­се­бен ре­жим за ко­рис­те­ње на ма­нас­ти­рот во кој е соз­да­де­на ма­ке­дон­ска­та држа­ва, ја­ли со обез­бе­ду­ва­ње при­ви­ле­ги­ран пре­мин на на­ши­те во­зи­ла пре­ку нив­на­та те­ри­то­ри­ја, ја­ли со обез­бе­ду­ва­ње на дру­ги на­ши еко­ном­ски ин­те­ре­си, нај­доб­ро – со се­то то­а за­ед­но). Е, то­а ве­ќе би би­ло за­бе­лежли­ва про­ме­на!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.