ПОРИПРОГ

25.05.2000

Еден чи­та­тел на ДНЕВ­НИ­К пред не­кој ден ме пред­ло­жи за ам­ба­са­дор на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во Па­риз (!?). Да ви­диш, да не ве­ру­ваш! Фа­ла му и за пред­ло­гот и за доб­ро­на­мер­нос­та! Па­риз мно­гу си го са­кам и цел век со­ну­ва­м за не­кој по­дол­гот­ра­ен прес­тој во не­го (же­на ми по­себ­но). Па се­пак, не сум со­се­ма си­гу­рен де­ка би бил осо­бе­но блес­кав дип­ло­мат. Ам­ба­са­до­ри­те ги би­е глас на лу­ѓе што сов­рше­но вла­де­а­т со умеш­нос­та да мол­чат, а јас пак, еве, јав­но приз­на­вам, не уме­а­м да си го држа­м ја­зи­кот зад за­би­те. И ко­га то­а е по­ве­ќе од по­жел­но.

Пред мно­гу го­ди­ни (сѐ уш­те бев­ме СФРЈ), бев по­ка­нет на ед­на ве­че­ра, што во ко­на­ци­те на ма­нас­ти­рот Св. Пан­те­леј­мон ја при­ре­ди то­гаш­ни­от ам­ба­са­дор на САД. Во еден мо­мент, сре­де ве­че­ра­та, ам­ба­са­до­рот, г. Во­рен Зи­мер­ман, без как­ва и да е врска со кон­тек­стот, об­ра­ќај­ќи ми се лич­но ме­не, глас­но се за­чу­ди што во мо­ја­та зем­ја уни­вер­зи­тет­ски­те про­фе­со­ри (нас­про­ти по­ли­ти­ча­ри­те) ужи­ва­ле не­ве­ро­јат­но го­ле­м уг­лед, до­де­ка кај нив (во Аме­ри­ка) прак­тич­но ни­кој не ги фер­мал, до­де­ка, нап­ро­тив, по­ли­ти­ча­ри­те би­ле на го­ле­ма це­на. Си­те пог­ле­ди се свр­те­а кон ме­не. Лу­ѓе­то зна­е­ја де­ка сум про­фе­сор и пра­ша­ње­то го сфа­ти­ја ка­ко не­кој вид от­во­ре­на про­во­ка­ци­ја.

– Мис­ла­м де­ка ста­вот на на­ши­от на­род е поб­ли­зок на ре­ал­нос­та, од­го­во­рив. За да се ста­не уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор тре­ба дол­г тре­нин­г и по­себ­на дар­ба. Не зна­м ка­ко е со Аме­ри­канци­те, но на­ро­дот кај нас зна­е де­ка се­кој не мо­же да ста­не уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор. Нап­ро­тив, бук­вал­но се­кој бу­да­ла мо­же да ста­не по­ли­ти­чар!

Не­ко­и од при­сут­ни­те са­мо што не фа­ти­ја да ика­ат. Зна­ев де­ка во Аме­ри­ка дип­ло­ма­ти­ја­та е про­фе­си­ја, а не по­ли­ти­ка и де­ка г. Зи­мер­ман, иа­ко по­ли­тич­ки прет­став­ни­к на сво­ја­та зем­ја, се­пак е про­фе­си­о­на­лен дип­ло­ма­т и не­ма ло­шо да ме разбе­ре. И – не ме раз­бра.

На ова се се­тив ко­га го про­чи­тав пред­ло­гот на доб­ро­на­мер­ни­от чи­та­тел за мо­е­то ам­ба­са­дор­ство. За­мис­ле­те ме ме­не на не­ко­ја дип­ло­мат­ска ве­че­ра со м’с­је Жак Ши­рак. Во еден мо­мент, пред си­те при­сут­ни, ѓо­а на ше­га му се об­ра­ќа­м ка­ко на прет­се­да­тел на ПО­РИП­РОГ. Мо­же­те ли да си ги за­мис­ли­те за­чу­де­ни­те пог­ле­ди на при­сут­ни­те, ко­и за прв па­т во жи­во­тот ја слу­ша­ат ова­а кра­тен­ка. На пра­ша­ње­то од г. Ши­рак, што би тре­ба­ло да зна­чи то­а “ПО­РИП­РОГ”, она­ков ка­ко што ме дал Гос­под, од­го­ва­ра­м со ан­ѓел­ска не­ви­ност: “Нас­то­ју­ва­м са­мо да ги сле­да­м ев­роп­ски­те дип­ло­мат­ски трен­до­ви, што за­поч­на­а со приз­на­ва­ње­то на мо­ја­та тат­ко­ви­на. ПО­РИП­РОГ е ис­то тол­ку нор­ма­лен ево­ка­ти­вен ак­ро­ним ка­ко и FYROM, а зна­чи: По­ра­неш­на­та Рим­ска Про­винци­ја Га­ли­ја”.

Ако Франци­ја служ­бе­но про­тес­ти­ра по­ра­ди мо­е­то неп­ри­ме­ре­но по­ве­де­ние, ве­ро­јат­но вед­наш ќе ме вик­на­т во Скоп­је за да ме ис­пег­ла­ат. И – кој ќе ме пег­ла? Ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та – мо­јот не­ко­га­шен сту­дент, оној што се просла­ви со син­таг­ма­та “бу­ре­ку­но­се­цу асис­тен­тски”, а што кон сво­јот пот­пис врз ме­ѓу­на­род­ни­те до­ку­мен­ти ве­ро­јат­но го ста­ва бро­јот на сво­јот па­сош, ка­ко што пра­ви со бро­јот на лич­на­та карта во сво­и­те пи­са­ни­ја во ДНЕВ­НИК. Е, не би­ва што не би­ва!

Од дру­га стра­на, ка­ко чо­век што не­о­бич­но кру­то се држи за фор­ма­та, збо­ру­вај­ќи за ше­фот на мо­ја­та држа­ва, јас не би мо­жел да се воз­држа­м од она “пре­чес­ни­от Оте­ц Бо­рис”, што ве­ро­јат­но би ми соз­да­ло но­ви проб­ле­ми, овој па­т со на­ши­от ува­жен про­тес­тан­тски свеш­те­ник. И пак на­зад во Скоп­је на пег­ла­ње. И – кој ќе ме пег­ла? Мо­јот не­ко­га­шен сту­ден­т и со­се­ла­не­ц од Асан­бе­го­во или Син­ѓе­ли­ќ или­ми­ти Чен­то, по вмров­ски (па­те­м ре­че­но, от­се­ко­гаш сум сме­тал и сме­та­м де­ка Ме­то­ди­ја Ан­до­нов­ски зас­лу­жу­ва­ше не­го­во­то име да го но­си ма­лу по­до­бар кварт од Скоп­је од по­ра­неш­на­та ре­зи­денци­јал­на на­сел­ба на вла­де­јач­ка­та кла­са во СФРЈ), а Прет­се­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја по ми­лос­та на Џа­фе­ри & комп. Е, не би­ва што не би­ва!

Ка­ко што гле­да­те има мно­гу неш­та што об­јек­тив­но се про­ти­ва­т на мо­е­то ам­ба­са­до­ру­ва­ње. Но има и неш­та што се од суб­јек­тив­на при­ро­да: Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и Пруст, пред сѐ. И ед­но­то и дру­го­то го те­ра­м ка­ко не­из­леч­лив оп­ти­мист: во уве­ру­ва­ње де­ка ма­ке­дон­ска­та држа­ва и ма­ке­дон­ски­от на­род ќе пре­жи­ве­а­т и то­а де­ка ќе ја пре­жи­ве­а­т не са­мо ова­а и вак­ва власт, ту­ку во­оп­што.

Фор­ми­ра­ње­то, раз­ви­ва­ње­то и не­гу­ва­ње­то на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја е мој при­лог кон ид­ни­на­та на држа­ва­та ма­ке­дон­ска. Ид­ни­на­та им при­па­ѓа на гра­ѓан­ски, а не на пле­мен­ски пар­тии. И то­а еден ден ќе се разбе­ре и во Ма­ке­до­ни­ја. Но, ќе тре­ба вре­ме. На бу­да­ли­те от­по­сле им тек­ну­ва, не­ли (ве­ли ма­ке­дон­ска­та на­род­на из­ре­ка, не јас!).

Пре­ве­ду­ва­ње­то на Пруст, пак, лич­но го до­жи­ву­ва­м ка­ко пол­но­лет­ство на ма­ке­дон­ски­от ли­те­ра­ту­рен ја­зик. Да се пре­не­са­т од ра­сип­нич­ки бо­га­ти­от францус­ки ја­зи­к на ма­ке­дон­ски из­вон­ред­но сло­же­ни­те, пер­вер­зно ра­фи­ни­ра­ни, мно­гус­лој­ни, ки­ло­ме­тар­ски дол­ги ре­че­ни­ци на еден од нај­го­ле­ми­те пи­са­те­ли на Два­е­сет­ти­от век, и се­то то­а да те­че уба­во, раз­бир­ли­во и при­фат­ли­во за на­ши­от чи­та­тел, то­а е до­каз за зре­лос­та на на­ши­от ја­зи­к и за не­го­ва­та жи­во­тос­по­соб­ност. Зош­то би го пра­вел то­а ко­га не би ве­ру­вал де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род и ма­ке­дон­ски­от ја­зи­к има­ат пер­спек­ти­ва? До­тол­ку по­ве­ќе што, кон­сул­ти­рај­ќи го (при пре­ве­ду­ва­ње­то) по­стој­ни­от бол­гар­ски пре­вод, мо­жев да кон­ста­ти­ра­м де­ка кле­ти­те ко­му­нис­ти еп­тен го од­да­ле­чи­ле ма­ке­дон­ски­от ја­зи­к од не­го­ви­те ко­ре­ни, та­ка што на­ши­от чи­та­тел од­вај мо­же прис­тој­но да го чи­та Прус­т на бол­гар­ски.

Ете за­тоа, ам­ба­са­дор­ска­та ра­бо­та би ми пре­че­ла и во ед­но­то и во дру­го­то. Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја би ос­та­на­ла без сво­јот ха­риз­ма­ти­чен ли­дер, а бро­јот на неј­зи­ни­те чле­но­во нај­ве­ро­јат­но за крат­ко вре­ме вртог­ла­во би пад­нал на ми­зер­ни 14-15.000 ду­ши (ка­ко на не­ко­и вче­ра ис­пи­ле­ни пар­ти­ич­ки). То­а би би­ло за­гу­ба за Ма­ке­до­ни­ја, но и за Ко­а­ли­ци­ја­та за про­ме­ни на про­ме­ни­те. Прус­т би мо­рал да го че­ка зав­ршу­ва­ње­то на че­ти­ри­го­диш­ни­от ам­ба­са­дор­ски ман­дат, а то­а (ба­ре­м за ме­не) е теш­ко при­фат­ли­во. Јас (ка­ко ни Ма­ке­до­ни­ја, впро­чем) не­ма­м вре­ме за че­ка­ње. Чи­та­те­ли­те на ДНЕВ­НИ­К се­кој чет­врток би пе­ка­ле по мо­и­те не­над­мин­ли­ви ко­лум­ни (кај се ви­де­ло ам­ба­са­до­ри да пи­шу­ва­ат ко­лум­ни?). Итн. итн.

По­ра­ди се­во ова, сме­тав за пот­реб­но ва­ка јав­но да се ог­ра­да­м од спо­ме­на­ти­те доб­ро­на­мер­ни пред­ло­зи. Мо­ја­та ам­ба­са­да ќе мо­ра да при­че­ка на по­до­бри вре­ми­ња и по­со­од­вет­ни (ма­ке­дон­ски) држав­ни­ци.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.