ПРЕ­ЗЕР­ВА­ТИВИ

22.04.2002

Го зна­е­те она “Их! ба­те Митре! Ка’ ме кан­диса!”. Или мо­же­би слу­чај­но не го зна­ете: ед­но лу­до мла­до шо­фер­че во­зе­ло не­ко­ја мла­да не­вес­та (на која, па­тем, тоа мно­гу ѝ се до­па­ѓало) од Би­то­ла до Ре­сен, по ста­ри­от пат, се раз­бира. Кај Ѓа­ва­то зас­та­на­ле да здив­нат, да по­се­дат во де­бе­ли­те сенки, да се на­пи­јат лад­на вода. Не­вес­та­та за се­то вре­ме си мис­ле­ла са­мо на едно: ќе му тек­не ли на ова убаво, та пре­у­ба­во мом­че да ѝ се џит­не в прег­ратка. А не­му ни­ка­ко да му текне: не­вес­та­та му би­ла со­сетка, а неј­зи­ни­от маж – прв дру­гар. Се­де­ле што се­деле, а ко­га за­ус­тил да пред­ло­жи да про­дол­жат со па­тот, са­мо што из­го­во­рил: “Ајде, не­весте…”, ту­ку оваа му скок­на­ла во прег­ратка, “пре­ко­ру­вај­ќи го”: “Их, да не пук­неш, ба­те Митре, ка’ ме кан­диса!”.

Та­ка не­ка­ко из­ле­зе и со мо­е­то вра­ќа­ње на стра­ни­ци­те од ДНЕВ­НИК: ми се ја­ви по те­ле­фон “ба­те Митре” (г. Ге­ров­ски) и уш­те не го дов­рши пред­ло­гот, а јас ве­ќе при­фа­тив. Од со­се­ма дру­ги по­буди, се раз­бира! (Без ог­лед на г. Ан­дов и Ге­ор­ги­ев­ски, из­бори, из­гле­да ќе мо­ра да има, а ко­лум­ни­те се мош­не до­бар на­чин да се до­сег­не до оние 60% од ма­ке­дон­ско­то гла­са­ча­ко те­ло што се­ри­оз­но се мис­ли да­ли во­оп­што да из­ле­зе на тие из­бори.)

И така, еве ме на­зад, ми­ли мои (што би ре­кол “об­ви­не­тиот” Да­на­и­лов-Фрчкоски!). Со тоа што јас не­ма вед­наш да поч­нам да ви го ми­јам мо­зо­кот од љу­бов­та спре­ма СД­СМ или ВМРО-то ни. Ба­рем не ди­рек­тно! Зашто, за што и да се фа­ти чо­век во жал­на Ма­ке­до­ни­ја сѐ на крај се све­ду­ва на “зас­лу­гите” на спо­ме­на­ти­ве суб­јекти.

Зе­ме­те го, да ре­чеме,  ОК­ТО­ПО­ДОТ на Бра­не од­нос­но КО­РУП­ЦИ­ЈА­ТА на ЉуБчо. Пр­ви­от ѝ бе­ше кум (а не­го­ва­та пар­ти­ја тво­рец), вто­ри­от (УЧЕ­НИ­КОТ НА ЃА­ВО­ЛОТ!) да­леку, да­ле­ку си го над­ми­на учи­те­лот. И сега, ка­ко и првиот, на вре­мето, и вто­ри­ов “се оби­дува” да во­ју­ва про­тив зло­то што ина­ку фе­но­ме­нал­но го прак­ти­цира! Де но­си за­ко­ни про­тив пе­ре­ње­то пари, де ан­ти­ко­руп­цис­ки за­кони! Ми­жи Асан да ти баам!

Пред не­кое вре­ме ме по­се­ти еден фин џентл­мен од Ме­ѓу­на­род­на­та криз­на гру­па (МКГ). Си пра­вев­ме му­а­бет, ка­ко што дал Гос­под и туку, во еден мо­мент, чо­ве­кот ме пра­шу­ва што сум мис­лел јас за иде­ја­та на МКГ (од вре­ме­то на до­на­тор­ска­та кон­фе­ренција), Ев­роп­ска­та Уни­ја да ѝ оп­ре­де­ле­ла ан­ти­ко­руп­цис­ки со­вет­ник на ма­ке­дон­ска­та влада. “Не ме бен­ди­су­ва таа идеја”, од­го­во­рив ка­ко од пушка, а гос­ти­нот, из­не­на­ден, за ма­лу ќе се засркне­ше од ка­фето.

Ан­ти­ко­руп­цис­ки­от со­вет­ник на вла­да­та мо­же да по­мог­не ис­то кол­ку ча­јот од ка­ми­ли­ца про­тив ту­мор на мо­зо­кот. На Ма­ке­до­ни­ја не ѝ тре­ба “со­вет­ник” ту­ку ту­тор, ста­ра­тел. Ма­ке­дон­ска­та влада, ка­ко крај­но не­од­го­вор­но суш­тес­тво, ко­неч­но тре­ба да се ста­ви под ста­ра­тел­ство.

Не­ма дру­го ча­ре за бор­ба про­тив ко­руп­ци­јата! “Па­ра вр­ти где бур­ги­ја неће”, ве­лат Ср­бите. Со оваа вла­да на чу­дес­ни про­ме­ни ев­роп­ски­от “ан­ти­ко­руп­цис­ки со­вет­ник” за еден ме­сец ќе фа­ти да да­ва мош­не при­фат­ли­ви со­ве­ти и ќе ис­пра­ќа со­се­ма прис­тој­ни из­веш­таи во Бри­сел. А што ќе при­ми за воз­врат, тоа мо­же са­мо да се прет­пос­тави. Ис­то ка­ко што не­кои џентл­ме­ни од таа ис­та Ев­роп­ска Унија, кои до вче­ра ка­ча­ци­те на Ах­ме­ти & комп. ги на­ре­ку­ваа “убијци и раз­бој­ници”, еден ме­сец по­доц­на ги прог­ла­си­ја за “во­о­ру­же­ни групи” од ти­пот на ан­глис­ки­те лов­ци на ли­сици. Со таа раз­ли­ка што Обе­ди­не­то­то Крал­ство се­ри­оз­но се тре­се од про­тес­ти­те на јав­но­то мне­ние про­тив лов­ци­те на ли­сици, до­де­ка Не­го­во­то Гос­под­ство, Ге­не­рал­ни­от сек­ре­тар на НА­ТО (но­во­пе­че­ни­от лорд Ро­берт­сон), сто­ри сѐ што бе­ше во не­го­ва моќ да нѐ на­те­ра да пре­го­ва­ра­ме со на­ши­те “лов­ци на ли­сици”. Ка­ко дој­де до тој прес­врт, по­го­де­те сами! И мис­ле­те на (ци­ти­ра­ната) срп­ска из­река. Дру­го не ми па­ѓа на па­мет.

И сега, чи­там, сим­па­тич­ни­от џентл­мен од МКГ се за­мла­ту­ва со не­ка­ков­си на­учно-фан­тас­ти­чен про­ект “Ма­ке­до­ни­ја без ко­руп­ција”. Се за­мла­тува? Па, што да ре­чам зна­еј­ќи де­ка цел­та на про­ек­тот би­ла “по­доб­ру­ва­ње и хармо­ни­зи­ра­ње на ан­ти­ко­руп­цис­ко­то за­ко­но­дав­ство во зем­ја­ва со она во Ев­роп­ска­та Унија”! Чу­до не­ви­дено!

Лу­ѓе Божји! Па ние та­ка пра­ви­ме со ре­чи­си си­те за­ко­ни на зем­јава. Еве, пред да би­де из­гла­сан, и нац­р­тот на Кри­вич­ни­от за­ко­ник оти­де на “ре­цен­зија” пред Со­ве­тот на Ев­ропа. И не му нај­доа ни­как­ва фа­линка! Ра­бот­на­та гру­па што го из­гот­ву­ва­ше во се­кој мо­мент ги има­ше на ум ре­ше­ни­ја­та во кри­вич­ни­те ко­дек­си на држа­ви­те од кон­ти­нен­тал­на Ев­ропа. И? И – ни­ко­му ништо! Кри­вич­ни­от за­ко­ник ни е во бо­жес­тве­на хармо­ни­ја со ев­роп­ско­то каз­не­но за­ко­но­дав­ство, са­мо што во прак­ти­ка­та ни­кој жив не го “шај­кари”. Ба­рем ко­га се во пра­ша­ње круп­ни­те риби. За сит­ни­те пе­дан­тно се при­ме­нува.

А та­ка не­ка­ко ќе би­де и со “ан­ти­ко­руп­цис­ко­то за­ко­но­дав­ство” на Ма­ке­до­нија: тоа мо­же да би­де су­пе­рев­роп­ско, а прак­ти­ка­та да си ос­та­не – ко­лум­биска. Под не­гов удар се­ка­ко ќе  пад­не не­кој оп­слу­жу­вач на јав­ни то­а­ле­ти што ќе го “по­чести” сво­јот бра­ту­чед со ед­но бес­плат­но … (да не ре­чам што). А, ако не­кој гра­ди ви­ла од 1000 квад­ра­ти во ре­зи­денци­јал­на­та на­сел­ба на Водно, ни­ед­на да­ноч­на служ­ба во зем­ја­ва не­ма да сме­та за пот­реб­но да ис­тра­жува: од кај му се тол­ку па­ри не­ко­му во жал­на и бед­на Ма­ке­до­нија. Ду­ри и неш­то по­ве­ќе – ни­ко­гаш не­ма да му го до­знае ни име­то на гра­ди­те­лот (што е ло­гич­ки при­ус за да прис­та­пи кон ис­пи­ту­ва­ње на чис­то­та­та на па­ри­те со кои се гра­ди тоа чудо).

За­тоа, сѐ по­ве­ќе (со та­га во ср­цето) мис­лам на Ин­грид Бе­тан­кур, ед­на уба­ва и ум­на жена, што бе­ше се­на­тор на Ко­лум­би­ја и еден од та­мош­ни­те прет­се­да­тел­ски кан­ди­дати, сѐ до­де­ка не ја кид­на­пи­раа “ре­во­лу­ци­о­нер­ни­те си­ли на Ко­лум­бија” (чи­тај: ко­лум­бис­ка­та ма­фија). Оваа ум­на же­на бе­ше на­пи­ша­ла кни­га во која, ме­ѓу дру­гото, рекла: “Ако са­ка­те да ги из­ми­е­те ска­лите, тре­ба да поч­не­те одоз­гора. А за да мо­же­те тоа да го сто­рите, тре­ба да се ка­чи­те горе!”. По­и­на­ку ре­чено: на прет­се­да­тел­ска­та фун­кција! Елем, Ин­грид Бе­тан­кур, во те­кот на сво­ја­та пре­диз­бор­на кам­па­ња оде­ла на­о­колу, ме­ѓу из­би­ра­чите, и им де­ле­ла пре­зер­ва­ти­ви (!?). Да, ток­му пре­зер­ва­тиви! Заш­то (та­ка об­јас­ну­вала, до­де­ка не ја сре­ди­ја “ре­во­лу­ци­о­не­рите”) ко­руп­ци­ја­та е ка­ко СИ­ДА и се­кој гра­ѓа­нин тре­ба да знае да се заш­ти­ти од неа. За­тоа, му со­ве­ту­вам на г. Едвард Џо­зеф да не се рас­фрла со па­ри на­о­ко­лу за не­как­ви илу­зор­ни про­екти. Со тие па­ри не­ка на­ба­ви пре­зер­ва­ти­ви и не­ка ги де­ли по бол­на Ма­ке­до­нија. Ако не сто­ри така, јас се­ри­оз­но се но­сам со мис­ла­та Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја да го про­дол­жи де­ло­то на ум­на­та Ин­грид Бе­тан­кур во Ма­ке­до­ни­ја (што, инаку, вртог­ла­во се бли­жи кон ре­ал­нос­ти­те на Ко­лум­бија): да се ка­чи­ме на врвот од ска­ли­те за да мо­же да ги из­ми­еме. Тре­то нема! Само, не­кој (за­ин­те­ре­си­ран за чис­то­та­та на ма­ке­дон­ски­те скали) ќе тре­ба и да ни по­могне. Ние стрпли­во го че­каме…

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.