Search
Close this search box.

ВАВИЛОНСКА ЗБРКА СО ИМЕТО

17.06.1998

Мно­гу па­ти сум им рас­ка­жу­вал на мо­и­те сту­ден­ти за ис­кол­че­ни­от ум на то­та­ли­та­риз­мот, во кој ду­ри и со­нот мо­же­ше да би­де по­вод за теш­ка осу­да: пред кој зна­е кол­ку го­ди­ни не­ка­де про­чи­тав де­ка еден ал­бан­ски суд осу­дил на се­дум го­ди­ни зат­вор чо­век са­мо за­то­а што на со­се­дот му рас­ка­жал сон – ка­ко на бре­гот од мо­ре­то се по­ја­ви­ле ча­м­ци со вој­ни­ци на стран­ска држа­ва. Су­дот на­шо­л де­ка “со­ну­ва­чот”, всушност, ши­ри неп­ри­ја­тел­ска про­па­ган­да про­тив држа­ва­та алу­ди­рај­ќи на пот­ре­ба­та од стран­ска ин­тер­венци­ја.

Де­но­ви­ве чи­та­м еден лош пре­вод на мно­гу ин­те­рес­на ал­бан­ска кни­га (во ко­ја број­ни­те ср­биз­ми јас­но упа­ту­ва­ат на то­а де­ка по­ве­ќе се ра­бо­ти за пре­вод од пре­вод, одош­то за пре­вод од ори­ги­нал): глав­ни­от ју­нак ра­бо­ти во инс­ти­ту­ци­ја што се за­ни­ма­ва со со­би­ра­ње, од­би­р и тол­ку­ва­ње на со­ниш­та (!). Во еден мо­мен­т ќе му да­да­т да тол­ку­ва про­во­ка­ти­вен сон кој збо­ру­ва за пе­ко­лот на изум­ре­ни држа­ви.

За раз­ли­ка од лу­ѓе­то, ум­ре­ни­те држа­ви во пе­ко­лот не би­ле каз­ну­ва­ни, ту­ку ги под­гот­ву­ва­ле за вра­ќа­ње на зем­ја­та. “Та­ка, одам­на изум­ре­ни­те држа­ви, што се­га ги ви­ка­а тру­по­ви, мо­же­ше одед­наш да ста­на­т и по­ле­ка пов­тор­но да се по­ја­ва­т на пов­рши­на­та на Зем­ји­на­та топ­ка. И, она­ка ка­ко што то­а се пра­ве­ше со ар­тис­тот пред да из­ле­зе на сце­на во но­ва уло­га, та­ка и ним им се пра­ве­а не­оп­ход­ни из­ме­ни, им се ме­ну­ва­ше име­то, обе­леж­ја­та на зна­ме­то, иа­ко во суш­ти­на­та ос­та­ну­ва­а онак­ви как­ви што си беа, ис­ти­те они­е ста­ри држа­ви”.

Ова­а сли­ка за пе­ко­лот на држа­ви­те од со­нот по­стоја­но ми бе­ше пред очи ми­на­та­та не­де­ла во Со­ве­тот на Ев­ро­па во Страз­бур. Она што та­му се слу­чу­ва со име­то на Ма­ке­до­ни­ја во го­ле­ма ме­ра ли­чи на ви­зи­ја­та од спо­ме­на­ти­от сон. Иа­ко от­првин се чи­не­ше де­ка ќе би­де по­и­на­ку!

Име­но, ко­га до­а­ѓа­те во Па­ла­та­та на Ев­ро­па на не­ка­ков сос­та­нок првин си го ка­жу­ва­те име­то и сред­ба­та на ко­ја сте по­ка­не­ти: Пле­нар­на се­си­ја на ЦД ПЦ (Ев­роп­ски ко­ми­тет за проб­ле­ми на кри­ми­на­лот). Служ­бе­ни­те ли­ца ви да­ва­ат ед­но картон­че во плас­ти­чен држач (т.н. “беџ”), што обич­но се приц­врсту­ва врз џе­бот од кос­ту­мот и по­то­а слу­жи ка­ко про­пус­ни­ца. На не­го е ва­ше­то пре­зи­ме и име­то на зем­ја­та што ја прет­ста­ву­ва­те.

Овој па­т сред­ба­та со без­бед­нос­на­та ев­роп­ска би­рок­ра­ти­ја ве­ту­ва­ше мно­гу: за прв па­т на мо­јот “беџ” не пи­шу­ва­ше “The Former Yugoslav Republic of Macedonia”, ту­ку прос­то “Macedonia”, што де­тин­ски ме из­ра­ду­ва. Фа­ла му на Гос­по­да, ве­ќе се свес­ти­ле за теш­ка­та глу­пост на ево­ка­тив­ни­от ак­ро­ним.

За жал, не си­те! Ве­ќе во са­ла­та мес­то­то ни бе­ше оз­на­че­но со “The Former Yugoslav Republic of Macedonia”, од ед­на­та стра­на, од­нос­но, “L’ex-republique Yougoslave de Macedoine”, од дру­га­та стра­на.

Од­лу­ка­та за “ево­ка­тив­ни­от ак­ро­ним” е по­ли­тич­ка и за не­а би­рок­ра­ти­ја­та мо­ра да се др­жи. А то­а мно­гу ѝ го за­гор­чу­ва име­то ток­му неј­зе: ко­га тре­ба да нè по­мес­ти ме­ѓу зем­ји­те учес­нич­ки, спи­со­кот се­ко­гаш из­гле­да по­и­на­ку во за­вис­нос­т на кој од служ­бе­ни­те ја­зи­ци се пра­ви по­пи­сот. Ко­га е во пра­ша­ње спи­со­кот на ан­глис­ки ја­зик, мес­то­то на Ма­ке­до­ни­ја е зад Швајца­ри­ја (Suisse), а пред Тур­ци­ја (Turkey), а та­му ни е мес­то­то и во са­ла­та, та­му се на­о­ѓа и мес­то­то на на­ше­то зна­ме на јар­бо­лот пред Па­ла­та­та на Ев­ро­па, заш­то “ево­ка­тив­ни­от ак­ро­ним” се пи­шу­ва чле­ну­ва­но, а чле­нот на ан­глис­ки поч­ну­ва со “т” (the). Ко­га пак се ра­бо­ти за спи­сок на францус­ки ја­зик, мес­то­то на Ма­ке­до­ни­ја е зад Ита­ли­ја, а пред Ли­тва­ни­ја, заш­то пак чле­нот на францус­ки е на”л” (l’еx).

Збр­ка­та ста­ну­ва уш­те по­го­ле­ма заш­то на мо­мен­ти се по­ја­ву­ва и служ­бе­но­то име на на­ша­та зем­ја: не­ко­и до­ку­мен­ти што та­му ги ис­пра­ќа­ме не се пре­ра­бо­ту­ва­ат, ту­ку са­мо се фо­то­ко­пи­ра­ат она­ка ка­ко што се на­пи­ша­ни кај нас и им се де­ла­т на учес­ни­ци­те во ра­бо­та­та. И то­гаш ти­е дозна­ва­ат ка­ко на­вис­ти­на се ви­ка­ме.

Ова по­на­та­му се реф­лек­ти­ра и врз кра­тен­ки­те што се чес­ти во ста­тис­тич­ки­те та­бе­ли: на­мес­то да би­де­ме прос­то Ма­ке­до­ни­ја, та­му фи­гу­ри­ра­ме ка­ко “FYROMACEDONIA” во ан­глис­ка­та вер­зи­ја, од­нос­но ка­ко “LERMacedoine” во францус­ка­та вер­зи­ја.

Би­рок­рат­ска­та вер­нос­т кон по­ли­тич­ка­та од­лу­ка до­би­ва на мо­мен­ти ко­ми­чен вид: тех­нич­ка­та не­воз­мож­нос­т ви­зан­тис­ка­та фор­му­ла со име­то да се смес­ти во ру­бри­ка­та на оп­ре­де­лен фор­му­лар во­ди кон то­а да нѐ оз­на­чу­ва­ат прос­то ка­ко (бе­зи­ме­на) “по­ра­неш­на ре­пуб­ли­ка”, не­ба­ре во ме­ѓув­ре­ме сме ста­на­ле мо­нар­хи­ја (кне­жев­ство, крал­ство или цар­ство). Ова е до­дат­на де­бе­ла глу­пост, што и фор­мал­но ни да­ва пра­во да во­ју­ва­ме за сво­е­то име првин во рам­ки­те на инс­ти­ту­ци­и­те на Со­ве­тот на Ев­ро­па, а по­те­м и над­вор од нив.

Ина­ку, це­ла­та ова­а про­це­ду­ра врз по­ли­тич­ки план мо­же (и тре­ба!) да се на­па­ѓа и по­ра­ди то­а што прет­ста­ву­ва очиг­лед­на дис­кри­ми­на­ци­ја на на­ша­та зем­ја во Со­ве­тот на Ев­ро­па, што ни по­ли­тич­ки ни на друг на­чин не мо­же да се бра­ни.

Та­ка, зем­ја­та до­ма­ќин ни­кој не ја оз­на­чу­ва со неј­зи­но­то служ­бе­но име (Republique fransaise), ту­ку ед­нос­тав­но со France, ка­ко што фор­мал­но ни­ка­де ја не­ма ни “Confederatio Helvetica”, ту­ку са­мо и единстве­но Suisse (Швајца­ри­ја). Ду­ри ни ти­е што го соз­да­до­а це­ли­от проб­ле­м не се ви­ка­ат “Greece”. Но, ни­кој то­а не го гле­да или не са­ка да го ви­ди. Ве­ро­јат­но за­то­а што во Со­ве­тот на Ев­ро­па и не­ма мно­гу прав­нод­ржав­но писме­ни лу­ѓе (они­е што се др­жат за принци­пи, а не за ба­ра­ња­та на днев­на­та по­ли­тич­ка це­ле­со­об­раз­ност).

Што се од­не­су­ва до го­вор­на­та прак­ти­ка, си­те глав­но нè ви­ка­ат “Ма­ке­до­ни­ја”. Има­м впе­ча­ток де­ка “прив­ре­ме­на­та фор­му­ла” ја упот­ре­бу­ва­ат (па и ти­е мош­не рет­ко и, би ре­кол, со страв) глав­но лу­ѓе што има­ат проб­ле­ми со се­бе: ма­леч­ки­те по раст, од Гос­под сла­бо да­ру­ва­ни­те и сл. Се чи­ни, нив прос­то ги ис­пол­ну­ва со сре­ќа, со чув­ство за соп­стве­на­та вред­ност, со од­не­на­деж стек­на­та важ­ност, ко­га мо­же ба­ре­м со фор­му­ла­та “The Former Yugoslav Republic of Macedonia” да ни по­ка­жа­т кој сме и што сме.

Де­но­ви­ве, на вра­ќа­ње од Страз­бур и по зав­ршу­ва­ње­то на овој текст, ќе сед­на­м и во вид на пис­мо од поз­на­ни­к ќе му ги из­ло­жа­м на г. Таршис, Ге­не­рал­ни­от сек­ре­тар на Со­ве­тот на Ев­ро­па, глав­ни­те точ­ки на овој на­пис. Се на­де­ва­м де­ка пис­мо­то (ка­ко и она до прет­се­да­те­лот Клин­тон) ќе има не­ка­ков ефект. Са­мо, и на­ши­те по­ли­тич­ки прет­став­ни­ци ќе тре­ба ма­лу да ме под­ржат. Без ог­лед што сум им веч­на опо­зи­ци­ја. Не мо­ра то­а да го сто­ра­т фор­мал­но, по­ви­ку­вај­ќи се на ме­не. До­вол­но е да го пов­то­ра­т во вид на ме­мо­ран­дум по­пи­сот на глу­по­сти­те што ов­де­ка го нап­ра­вив. Ев­роп­ска­та би­рок­ра­ти­ја мис­ли по­спо­ро од аме­ри­кан­ска­та, но се­пак мис­ли. На то­а не сме­е да се за­бо­ра­ва.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.