Помош при вработување

Клучот е во подготовката.

Борбата против невработеноста беше една од приоритетните цели која Ѓорѓи Марјановиќ ги беше поставил пишувајќи ја програмата на Лигата за демократија во 1989 год. Повеќе од 30 години подоцна, прашањето на невработеноста сеуште е актуелно и продолжува да биде една од нашите стратешки цели.

Убедени дека Македонија никому нема да му биде пристојно место за живеење без обезбедување редовни приходи доволни за достоинствен живот, фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ без надомест ќе им помага:

  • на невработените да дојдат до работа,
  • на работодавците да дојдат до квалификувани кандидати.

Како функционира?

Оваа цел фондацијата ќе ја реализира со помош на својата онлајн платформа jobster.mk, специјализирана за дефицитарни, високо-технолошки занимања, спојувајќи ги барателите на работа со работодавачите.

Баратели на работа

  • Бесплатно креирање профил
  • Кариерна обука
  • Известувања за актуелни огласи за работа
  • Корисни статии за наоѓање работа

Работодавачи

  • Бесплатно креирање профил
  • Бесплатни огласи*
  • Корисни статии за привлекување и задржување таленти

* Бројот на бесплатни огласи е неограничен

Сакаш да помогнеш?

Придружи му се на нашиот тим задолжен за реализирање на оваа активност.