Search
Close this search box.

ЗА ВО­Е­НИ­ТЕ ЗЛОС­ТОР­НИ­ЦИ

22.07.1998

Од по­о­дам­на ми се врта­т во гла­ва­та не­как­ви ана­ло­ги­и во врска со Крле­жи­ни­от Ле­о­не од “Гос­по­да­та Глем­ба­е­ви” и на­ши­те вла­де­јач­ки гос­по­да Глем­ба­е­ви: на Ле­о­не, од ед­на стра­на, му се га­ди од не­го­во­то се­меј­ство (збо­га­те­но пре­ку кри­ми­нал), но, од дру­га стра­на, во ни­е­ден мо­мен­т не му па­ѓа на па­мет да прес­та­не да жи­ве­е “на го­ле­ма но­га” на смет­ка на то­а ис­то злос­тор­нич­ко се­меј­ство. На­ши­те “држа­вот­вор­ни” гос­по­да Глем­ба­е­ви не се оби­ду­ва­ат ду­ри ни да ли­ча­т на Ле­о­не: ним не са­мо што не им се га­ди од на­чи­нот на кој нив­но­то “се­меј­ство” дој­де и ре­чи­си 50 го­ди­ни се од­ржу­ва­ше на власт, ту­ку, нап­ро­тив, се гор­де­а­т што се ди­рек­тен под­ни­к од Се­меј­ство­то! Са­мо та­ка мо­же да се разбе­ре про­чу­е­на­та из­ја­ва на нив­ни­от шеф де­ка би­ле “држа­вот­вор­на пар­ти­ја”.

Во ме­ѓув­ре­ме, за да не се се­та­т Вла­си­те де­ка во “мат­на и крва­ва” Ма­ке­до­ни­ја сѐ си ос­та­ну­ва по ста­ро, ов­деш­ни­те гос­по­да Глем­ба­е­ви фа­ти­ја да си иг­ра­ат не зна­м “пост­ко­му­ни­зам” ли, прав­на држа­ва ли, та де ја “при­ва­ти­зи­ра­ат” оп­штес­тве­на­та соп­стве­нос­т (ста­вај­ќи си ја во соп­стве­ни­от џеб ка­ко да им е тат­ко­ви­на или де­до­ви­на), де ис­пра­ва­ат ис­то­рис­ки неп­рав­ди, до­не­су­вај­ќи (под не­ви­ден и нес­кри­ен при­тоск на ММ­Ф и Свет­ска­та бан­ка, пред сѐ) ед­на ка­ри­ка­ту­ра од за­кон за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја. Со по­след­ни­ов, на­вод­но, има­ле за цел да го уре­да­т на­чи­нот, ус­ло­ви­те и по­ста­пката за вра­ќа­ње во соп­стве­нос­т на имот “од­зе­мен во ко­рис­т на држа­ва­та” (ва­ка еу­ф­е­мис­тич­ки ја на­ре­ку­ва­ат се­ри­ја­та по­во­е­ни гра­бе­жи на сѐ што им пад­на под ра­ка).

То­а што ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца го при­фа­ќа овој “за­кон” во­оп­што не ме чу­ди: та не­ли то­а ис­то друш­тво (од сво­и при­чи­ни, по­ра­ди сво­и ин­те­ре­си) и ја приз­на бе­зоч­на­та из­бор­на краж­ба од 1994 го­ди­на. А, не ме чу­ди мно­гу ни фак­тот де­ка нас­лед­ни­ци­те на ог­ра­бе­ни­те соп­стве­ни­ци се од­не­су­ва­ат спре­ма то­а чу­до од ре­гу­ла­ти­ва ка­ко спре­ма за­кон што има за цел неш­то по­ве­ќе одош­то да им фр­ли прав во очи на крат­ко­ви­ди­те странци: ако не­кој ве­ќе се по­ми­рил со суд­би­на­та де­ка не­ма ис­пра­ва­ње на ста­ри­те ква­зи-ко­му­нис­тич­ки неп­рав­ди, се­га, ко­га “ши­ро­ког­ра­ди­те” СД­СМ-ов­ски гос­по­да Глем­ба­е­ви ре­ши­ја да вра­та­т по не­ко­ја рон­ка, ис­ти­от тој не­кој ве­ро­јат­но си ве­ли: “Дај што да­ваш!”. И рон­ка е по­ве­ќе од ниш­то!

На оној што уме­е да гле­да, да слу­ша (и, евен­ту­ал­но, да чи­та), во­оп­што не му е теш­ко да ја сог­ле­да ша­ре­на­та ла­га прес­то­ре­на во ру­во на за­кон. Да не бе­ше та­ка, вла­де­јач­ки­те ју­но­ши ќе по­ста­пе­а ка­ко влас­та во си­те пост­ко­му­нис­тич­ки држа­ви и првин ќе до­не­се­а ре­гу­ла­ти­ва со ко­ја се по­ниш­ту­ва­ат ис­то­рис­ки­те за­ко­ни на вла­де­јач­ка­та “ра­бот­нич­ка кла­са” (со ко­и неп­рав­ди­те бе­а пра­ве­ни). Ка­ко во Чеш­ка, Пол­ска, Ун­га­ри­ја и дру­га­де, по­ниш­ту­ва­ње­то на раз­бој­нич­ки­те за­ко­ни од вре­ме­то на “дикта­ту­ра­та на про­ле­та­ри­ја­тот” ќе зна­че­ше де­ка се­ко­е од­зе­ма­ње имот врз ос­но­ва на ти­е “за­ко­ни” е, всушност, гра­беж без вис­тин­ска прав­на ос­но­ва.

Нас­про­ти тоа, ве­ли­ко­душ­на­та ма­ке­дон­ска влас­т го преф­рли то­ва­рот на до­ка­жу­ва­ње­то на неп­рав­да­та врз жрт­ви­те: имо­тот ќе им се вра­ти (на Куков­ден!) до­кол­ку до­ка­жа­т де­ка им е сто­ре­на неп­рав­да! Мно­гу­ми­на од они­е што ќе по­ве­ру­ва­ат во “да­режли­вос­та” на За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја и ќе се оби­да­т да по­ве­да­т по­ста­пка и да си пов­ра­та­т неш­то од она што на нив­ни­те ро­ди­те­ли им би­ло од­зе­ме­но, из­гле­да сѐ уш­те не се свес­ни за то­а во как­во за­ме­ша­тел­ство вле­гу­ва­ат.

За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја е пра­вен спо­ред об­ра­зе­цот на ус­та­вот на ЧССР (кој, спо­ред ви­цот, имал са­мо два чле­на: први­от ве­лел де­ка Ру­си­те се­ко­гаш се во пра­во, а дру­ги­от пак – во слу­чај ко­га ти­е не се во пра­во, ва­жел член први). Тој е нес­кри­е­но ко­му­нис­тич­ки да­режлив – вра­ќа ли вра­ќа! Еден член вра­ќа, дру­ги­от го по­ниш­ту­ва вра­те­но­то. Еден “си­тен” при­мер!

Член 2 ги наб­ро­ју­ва си­те “за­ко­ни и дру­ги про­пи­си” спо­ред ко­и се вра­ќа од­зе­ме­ни­от имот, но за­то­а пак чл. 4 про­пи­шу­ва де­ка “од­ред­би­те од овој за­кон не се при­ме­ну­ва­ат и ко­га имо­тот е од­зе­мен со кон­фис­ка­ци­ја из­ре­че­на за каз­ни­ви де­ла до вле­гу­ва­ње во си­ла на Кри­вич­ни­от за­ко­ни­к (од 1951 го­ди­на!), ос­вен за де­ла на во­е­ни злос­тор­ства”.

До­кол­ку зна­чи не­кој бил осу­ден ка­ко во­ен злос­тор­ни­к нас­лед­ни­ци­те ќе тре­ба да за­бо­ра­ва­т на имо­тот што му бил кон­фис­ку­ван! На прв пог­лед из­гле­да де­ка се ра­бо­ти за ра­зум­но ог­ра­ни­чу­ва­ње.  Ви­цот е во то­а што во пре­су­ди­те на то­гаш­на­та “на­род­на власт” ре­чи­си си­те бо­га­ти лу­ѓе (“клас­ни­от неп­ри­ја­тел”) би­ле оз­на­чу­ва­ни ка­ко во­е­ни злос­тор­ни­ци, во­е­ни про­фи­те­ри, ку­ла­ци итн. итн.

На вре­ме­то, во “Де­мок­рат­ски фо­рум” (глас­ни­кот на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја), фа­тив­ме да об­ја­ву­ва­ме кри­вич­ни пре­су­ди на на­ша­та бив­ша, ни­ко­гаш неп­ре­жа­ле­на “на­род­на власт”. Та­ка, во бр. 5 (стр.5) об­ја­вив­ме из­вод од пре­су­да­та на еден ви­сок Во­ен суд, во ко­ја не­кој­си Вел­ко Д. Ми­ко­ви­ќ бил осу­ден првин на шест, а по­те­м (са­мо!) на две го­ди­ни теш­ка при­сил­на ра­бо­та и кон­фис­ка­ци­ја на це­ло­куп­ни­от имот за­то­а што за вре­ме на вој­на­та не­кол­ку па­ти одел во Бел­град (!?). Со ог­лед на то­а што чо­ве­ков не бил во дви­же­ње­то на от­по­рот, овој факт, спо­ред спра­вед­ли­ви­те “на­род­ни су­дии” (ова се нив­ни збо­ро­ви), “мо­ра да се тол­ку­ва ка­ко ак­ци­ја про­тив На­род­но­ос­ло­бо­ди­тел­но­то дви­же­ње и во то­а се сос­то­и не­го­ва­та ви­на” (!). Чис­то во­е­но злос­тор­ство?

Доб­ро, кут­ри­от г. Ми­ко­ви­ќ ба­ре­м спа­сил гла­ва! Иа­ко го су­дел Во­ен суд, иа­ко па­ту­ва­ње­то во Бел­град би­ло те­жок прес­тап од во­е­на при­ро­да, во не­го­ва­та пре­су­да ни­ка­де не е спо­ме­на­то оти не­го­во­то “не­де­ло” е во­е­но злос­тор­ство, па мо­же да се на­де­ва­ме де­ка на не­го­ви­те нас­лед­ни­ци неш­то ќе им би­де вра­те­но. Има, ме­ѓу­тоа, еден куп “пре­су­ди” во ко­и осу­де­ни­те се оз­на­чу­ва­ат ка­ко во­е­ни злос­тор­ни­ци за де­ла што ни­ко­гаш не ги сто­ри­ле, а пра­ша­ње е да­ли во­оп­што има­ло и су­де­ње.

Да се при­се­ти­ме на они­е 53 ду­ши стре­ла­ни во Ве­лес! Има по­ве­ќе од ве­ро­дос­тој­ни ин­дици­и де­ка во тој фа­мо­зен слу­чај во­оп­што не­ма­ло ни об­ви­не­ние, ни су­де­ње, ни пра­во на жал­ба. Нап­ро­тив, сѐ збо­ру­ва за то­а де­ка “пре­су­да­та” от­по­сле е пи­шу­ва­на. Де­ка за ис­ти­от пред­мет по­стоја­т ду­ри и два раз­лич­ни тек­ста на “пре­су­да­та”. Итн. итн.

Зна­м еден до­бар и упо­рен син кој нас­то­ју­ва да си го ре­ха­би­ли­ти­ра тат­ка си (стре­лан ка­ко “во­ен злос­тор­ник”!), за ко­го ве­леш­ки­те пре­су­ди ве­ла­т де­ка бил со­ра­бот­ни­к на оку­па­тор, а пак бол­гар­ски­те влас­ти, ка­ко за ина­ет, ос­тави­ле цр­но на бе­ло до­ка­зи де­ка стре­ла­ни­от имал де­бе­ло по­ли­цис­ко до­си­е “ка­ко прив­рза­ни­к на ко­му­низ­мот и ма­ке­дон­ска­та ав­то­но­мис­тич­ка иде­ја”. И на пот­про­сеч­но ин­те­ли­ген­тен чо­век му е јас­но де­ка ови­е две ра­бо­ти ме­ѓу­себ­но се ис­клу­чу­ва­ат: ка­ко ако оку­па­то­рот не­ко­го го ре­гис­три­рал ка­ко ко­му­нис­т и “ан­ти­бол­га­рин”, тој ни­ка­ко не мо­жел да би­де не­гов со­ра­бот­ник, па, спо­ред тоа, ни во­ен злос­тор­ник.

Ба­ра­ње­то за заш­ти­та на за­ко­ни­тос­та во слу­ча­јов е под­не­се­но до Јав­ни­от об­ви­ни­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на 9 ок­том­ври 1997 го­ди­на, а тој до ден де­нес (мис­леј­ќи ве­ро­јат­но на ид­ни­те из­бо­ри) не мрднал ни со пр­ст да сто­ри неш­то за ре­ви­зи­ја на “про­це­сот”. Се чи­ни јас­но и зош­то не мрда: ако се до­ка­же де­ка др Бог­дан Поп Ѓор­чев (Бог да го прос­ти!) е лик­ви­ди­ран без грев и без су­де­ње, то­а зна­чи де­ка та­ка не­ка­ко би­ло и со дру­ги­те 52 ве­леш­ки “во­е­ни злос­тор­ни­ци” од ис­та­та пре­су­да. А то­а зна­чи де­ка во­ен злос­тор­ни­к бил не­кој друг, да не ре­ча­м кој. Ре­пуб­лич­ки­от ја­вен об­ви­ни­тел би мо­рал да поб­р­за, ме­ѓу дру­го­то, мо­же­би и ток­му по­ра­ди есен­ски­те из­бо­ри.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.