Пишува: Горан Михајловски
Студирав на Интердисциплинарните студии по новинарство во 1980-тите и често пати имавме предавања и на Правниот факултет. Професорот Марјановиќ предаваше предмет кој не беше во наставната програма за студентите по новинарство. Еднаш, дружејќи се со студентите од Правниот факултет, чекајќи да дојдат „нашите“ часови, за да отепам време заскитав на час на професорот Марјановиќ во преполниот амфитеатар. И – тоа е тоа.
Професор Марјановиќ е единствениот професор кај кого не сум морал, ама со заинтересираност одев на предавања. Со ќеф. Зошто? Ниту сум морал, ниту сум полагал кај него, ниту пак ми зависела оценка. Затоа што покрај тоа што од него имаше многу да се учи и не беше здодевен, со неговите предавања поттикнуваше на слободоумност.
Сте биле сведок на интересна случка?
Доколку лично сте присуствувале на некој интересен настан и сакате да го споделите со јавноста, ве молиме контактирајте нè на contact@fgm.org.mk или 076 406 996.