Search
Close this search box.

БО­Е­МИ ОД НА­ШИ­ОТ СО­КАК

23.12.1998

От­ка­ко, на вре­ме­то, не­кој бе­ше нап­ра­вил га­ла си­не­мас­коп фил­м со “осов­ре­ме­не­та” вер­зи­ја на “Кар­мен”, нас­та­на вис­тин­ска ма­ни­ја на ев­ти­но “мо­дер­ни­зи­ра­ње” на опе­ри­те со пре­не­су­ва­ње на нив­но­то деј­стви­е во се­гаш­ни­на­та. Та­ка, ед­но вре­ме, по зем­јот­ре­сот, во Скоп­је “Тра­ви­ја­та” од Верди се иг­ра­ше во на­ши­те де­но­ви. Да бе­ше прет­ста­ва­та ка­ко што тре­ба, ова ве­ро­јат­но не­ма­ше прем­но­гу да ми пре­чи. По­след­но­то “чу­до не­ви­де­но” од ва­ков вид,на ко­е при­сус­тву­вав ми­на­та­та сре­да, е об­но­ве­на­та опе­ра “Бо­е­ми” од Ѓа­ко­мо Пу­чи­ни.

Да приз­на­ам, на прет­ста­ва­та не оти­дов од љу­бо­пит­ство ка­ко опе­ра­ва ја об­но­вил (и под­но­вил) бол­гар­ски­от гос­тин Стојан Стоја­нов Ган­чев, ту­ку за да да­да­м свој при­до­нес кон доб­рот­вор­на­та ак­ци­ја за при­би­ра­ње сред­ства пот­реб­ни за ле­ку­ва­ње на теш­ко за­бо­ле­ни­от бас Вој­кан Јо­ва­но­виќ. Сос­тој­ба­та на Вој­кан (мла­до мом­че од 25-26 го­ди­ни со ша­ља­пи­нов­ски дла­бок, мо­ќен глас, ина­ку, го­ле­ма на­деж на скоп­ска­та опе­ра) е дра­ма­тич­на! За ле­ку­ва­ње би­ле пот­реб­ни не­как­ви ска­пи ин­јек­ци­и од стран­ство, а држа­ва­та па­ри не­ма па не­ма (ос­вен за прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти, за ма­ке­дон­ски­те Фа­ус­ти и за прос­ве­ти­тел­ски­те фил­мски про­ек­ти на ми­нис­те­рот за кул­ту­ра). Бол­ни­от ни­ка­ко не е во сос­тој­ба са­ми­от да ги пла­ти ти­е ин­јек­ции, па не­кол­ку доб­ро­на­мер­ни де­вој­чи­ња од  ДНЕВ­НИ­К ре­ши­ле на сво­ја ра­ка да поч­на­т ак­ци­ја да му по­могнат на нес­реќ­но­то мом­че! Прет­ста­ва­та бе­ше на­ја­ве­на ка­ко “ек­склу­зив­на опер­ска ве­чер во МНТ”, а из­вед­ба­та, на­вод­но, ќе ја сле­де­ле “ви­со­ки држав­ни и пар­тис­ки фун­кци­о­не­ри”. Шу­ќур! Да ги ви­ди­ме и во уло­га на прак­тич­ни доб­рот­во­ри!

Са­мо, ниш­то од се­то тоа! Се ви­де уш­те при вле­гу­ва­ње­то во те­а­та­рот: “изе­де ме зми­ја” (би рек­ле Ку­ма­нов­ци)  ко­га ви­дов су­ри­ја ти­неј­џе­ри и це­ни на би­ле­ти по­нис­ки од они­е по скоп­ски­те ки­на (по 150 де­на­ри!). Внат­ре, прек­рас­на глет­ка: са­ло­нот на МН­Т пол­н со “џа­гу­ра­а­на”, што се­ка­ко би би­ла бла­го­дар­на пуб­ли­ка за “Злат­но­то сла­веј­че”, но ни­ка­ко не и за “ед­на од теш­ки­те опе­ри”, как­ва што е “Бо­е­ми”. Од “ви­со­ки­те држав­ни и пар­тис­ки фун­кци­о­не­ри” ни тра­га (ос­вен ако не­кој ви­до­ви­т чо­век не мо­жел да ги препоз­на­е ме­ѓу врев­ли­ви­те скоп­ски сред­нош­кол­ци: еден ден ба­ре­м не­кој од нив се­ка­ко ќе би­де ви­сок држа­вен и пар­тис­ки ра­ко­во­ди­тел).

Кре­ва­ње­то на за­ве­са­та и по­ја­ва­та на ди­ри­ген­тот бе­а до­че­ка­ни со ур­не­бес­на ве­сел­ба, ра­коп­лес­ка­ње и врес­ка­ње. На де­ца­та очиг­лед­но ни­кој не им ка­жал што е то­а опе­ра и как­во тре­ба да би­де нив­но­то од­не­су­ва­ње во не­а (гри­жа на ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ни­е е да нај­де оџи и по­по­ви што ќе ги бла­гос­ло­ву­ва­ат уче­ни­ци­те; до­го­ди­на, со Бож­ја по­мош, ќе фа­ти и да ги ве­ро­по­ду­чу­ва; а за нив­но­то вос­пи­та­ни­е – не­ка му ја мис­ла­т ро­ди­те­ли­те!). Ни­е (во ос­ми ред!) не мо­жев­ме да чу­е­ме ре­чи­си ниш­то од она што се пе­е­ше на сце­на­та. Кут­ри­от Ро­дол­фо мо­ра­ше да ја пре­ки­не прет­ста­ва­та, та да фа­ти бук­вал­но да ги мо­ли уче­ни­ци­те (и нив­ни­те учи­те­ли, што ни­ка­де ги не­ма­ше) да разбе­ра­т оти се ра­бо­ти за прет­ста­ва со по­себ­на цел, што ја иг­ра­ат во ко­рис­т на свој теш­ко бо­лен ко­ле­га, оп­то­ва­ре­ни со мис­ла­та за не­го­ва­та зла суд­ба. Мла­ди­от чо­век ги пре­кол­ну­ва­ше де­ца­та да им до­пуш­та­т на пе­ја­чи­те чес­но да го дов­рша­т за­поч­на­то­то. Овој дра­ма­ти­чен апел да­де плод: вер­но, не нас­та­пи мр­тва ти­ши­на, ама ба­ре­м стив­на­а на­ви­вач­ки­те страс­ти. На прва­та па­у­за мла­ди­на­та (на­ша­та ид­ни­на!), се разбе­га на си­те стра­ни, па, до кра­јот на прет­ста­ва­та имав­ме го­ре-до­лу во­о­би­ча­е­на опер­ска ат­мос­фе­ра.

Ина­ку, сѐ ми се чи­ни де­ка на­род, ка­ков што е ма­ке­дон­ски­от, кој во “ср­бо-ко­му­нис­тич­ка СФРЈ” (да се по­слу­жа­м со но­во­го­во­рот на бла­го­на­деж­ни­те ни де­неш­ни уп­ра­ви­те­ли),  ги со­би­ра­ше си­те поз­на­чај­ни со­јуз­ни те­а­тар­ски наг­ра­ди (за ре­жи­ја, дра­ма­тур­ги­ја итн. итн.), пад­нал на мош­не нис­ки те­а­тар­ски гран­ки,  ко­га мо­ра да уве­зу­ва ре­жи­се­ри и сце­ног­ра­фи од ка­ли­ба­рот на овој што ја об­но­ву­вал  “Бо­е­ми”. За љу­бо­пит­ни­те, кои, евен­ту­ал­но, ќе са­ка­ат да го ви­да­т ова чу­до-не­ви­де­но, ќе ка­жа­м де­ка деј­стви­е­то на опе­ра­ва (за прв па­т из­ве­де­на пред по­ве­ќе од еден век, во 1896 го­ди­на!) “се слу­чу­ва во Па­риз, во де­неш­но вре­ме”. Збо­ро­ви­те “чу­до-не­ви­де­но” (по­го­ре!) на­мер­но не ги ста­ва­м под на­вод­ни­ци, заш­то од чин во чин на сце­на­та се мно­жа­т ра­бо­ти што обич­на­та па­мет не мо­же да ги об­јас­ни по­и­на­ку, ос­вен ка­ко чу­да (или ба­ре­м ка­ко чуд­ни, да не ре­ча­м “не­ду­га­ви”)!

Во први­от чин, на при­мер, сов­ре­ме­на­та Ми­ми (во зад­ни­на­та на сце­на­та се гле­да па­рис­ки­от ТВ-пре­да­ва­тел и ма­лу по­дис­кри­ве­на­та Ај­фе­ло­ва ку­ла) тро­па на вра­та­та од Ро­дол­фо со мол­ба да ја за­па­ли све­ќа­та (?!) што ѝ згас­на­ла на ска­ли­те. Што се слу­чи­ло то­а со “Па­риз, во де­неш­но вре­ме”  та лу­ѓе­то, на­мес­то со елек­три­ка, да жи­ве­а­т во свет­ли­на­та на све­ќи, ос­та­ну­ва мис­те­ри­ја чиј­што клу­ч го има са­мо на­ши­от бол­гар­ски гос­тин (ре­жи­сер и сце­ног­раф). На вто­ри­от чин чо­век од­вај да мо­же да му нај­де ма­на: мо­дер­ни­те орос­пи­и се по­за­бе­лежли­ви од не­ко­гаш­ни­те – об­ле­че­ни во ку­си ѓоа-кож­ни здол­ниш­та, или со цр­ве­но или си­но вап­са­ни ко­си, нив­ни­те ре­дов­ни муш­те­ри­и – вој­ни­ци­те – но­са­т мас­кир­ни уни­фор­ми, а, за да би­де јас­но де­ка сѐ се слу­чу­ва во “де­неш­но вре­ме” во еден мо­мен­т на сце­на­та ќе се по­ја­ви и не­как­ва францус­ка крн­ти­ја од ав­то­мо­бил со ре­гис­тра­ци­ја на Пу­ла (!?) од ср­бо-ко­му­нис­тич­ко вре­ме. Ка­ко вта­сал тој пул­ски кр­ш “во Па­риз, во де­неш­но вре­ме” ис­то та­ка ос­та­ну­ва мис­те­ри­ја што мо­же да ја раз­јас­ни са­мо ре­жи­се­рот-гос­тин.

Сум бил не­кол­ку па­ти во францус­ка­та прес­тол­ни­на, но ни­ка­де не сум ви­дел же­лез­на пор­та на не­го­ви­от влез што не­кој мрзлив служ­бе­ни­к мо­ра да ви ја от­клу­ча за да вле­зе­те во гра­дот (има са­мо нап­лат­ни рам­пи на ав­то­па­тиш­та­та, но и ти­е се без лу­ѓе: ав­то­ма­ти­зи­ра­ни). Нор­ма­лен чо­век не мо­же да по­мис­ли де­ка де­нес де­сет­ми­ли­он­ски­от Па­риз се снаб­ду­ва со мле­ко пре­ку мле­кар­ки, кои, во муг­ри­те, до­а­ѓа­ат со кан­ти што ги па­ме­та­м од вре­ме­то ко­га бев де­те во Ку­ма­но­во пред по­ло­ви­на век! Во чет­вртиот чин (про­лет!) же­ни­те се­да­т на сонце  и оз­бо­ру­ва­ат, де­вој­чи­ња­та иг­ра­ат неш­то што ни­е во Ку­ма­но­во на вре­ме­то го ви­кав­ме “клен­ѕа-вој­ска” (а Скоп­ја­ни ср­би­зи­ра­но – “шко­ли­ца”), лу­ди­те мла­ди по ко­шу­ли и со за­су­ка­ни ра­ка­ви во­за­т ве­ло­си­пе­ди и ги исме­ва­ат лу­ѓе­то од ви­со­ка­та кла­са (арис­ток­ра­ти­ја­та) бо­реј­ќи се на ри­цар­ски тур­ни­ри со мет­ли в раце, сед­на­ти на ве­ло­си­пе­ди. Во се­во ова не би има­ло ниш­то осо­бе­но чуд­но да не се од­ви­ва сце­на­ва на ед­на бед­на па­рис­ка ман­сар­да (!?),”не­бу под об­ла­ке” (би рек­ле Ср­би­те)! Ед­но, ме­ѓу­тоа, е не­сом­не­но: на­ши­те де­неш­ни мла­ди лу­ди пе­е­ја мно­гу, мно­гу по­доб­ро од ста­ри­те асо­ви на ми­на­то­то, што сум имал при­ли­ка да ги слу­шам. А то­а е и по­ве­ќе од утеш­но! Ете, та­ка ми­на “ек­склу­зив­на опер­ска ве­чер во МНТ”. Кол­ку сред­ства бе­а соб­ра­ни, ос­та­ну­ва да се ви­ди. Мно­гу ми е страв на­ши­от бо­лен Вој­кан да не до­би­е по­мош ка­ко Ми­ми на сце­на­та: та­а има ту­бер­ку­ло­за, а лу­ди­те мла­ди, со па­ри­те што ги при­соб­ра­ле, ус­пе­ва­ат да ѝ ку­па­т са­мо еден муф (!?) за да си ги стоп­ли раце­те ! Тре­ба не­кој да им се об­ра­ти на на­ши­те бо­га­ти лу­ѓе да по­могнат во не­вол­ја­та на Вој­кан Јо­ва­но­виќ! Му го дол­жи­ме то­а на ова нес­реќ­но мом­че заш­то не ед­наш ни го ра­зу­ба­ви жи­во­тот со сво­ја­та пес­на. Дај Бо­же ови­е ре­до­ви да ги про­чи­та и не­кој од ти­е што мо­жа­т и са­ка­ат да по­могнат!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.