Пишува Весна Коминек
Еве една интересна случка со проф. Марјановиќ која ја доживеа моја прва братучетка од испит, која додека студираше, живееше со нас, така што нејзиното искуство ми беше од неа лично пренесено, веднаш по доаѓањето дома. Имено, професорот бил болен во периодот на испитна сесија, и не бил во можност да оди на факултет. За да не ги оштети студентите, па да мораат да чекаат нареден семестар за полагање, тој ги повикал кај себе дома во Сингелиќ. Братучетка ми беше извадена од памет, бидејки професорот важеше за строг човек, а тогаш уште мораше и дома да му одат. Со денови и ноќи се спремаше за испитот, буквално без спиење. Отиде на испитот, ја испративме, сите исплашени заедно со неа и нетрпеливо ја чекавме да се врати. По некое време се врати целата воодушевена. Колку што беше исплашена, толку беше воодушевена. Сопругата на професорот ги дочекала, ги понудила со сок, а професорот бил релаксиран и шеговит. Се разбира, го положи испитот, го заврши факултетот, и до пензионирањето работеше како шеф на правна служба во реномирана фирма.
Сте биле сведок на интересна случка?
Доколку лично сте присуствувале на некој интересен настан и сакате да го споделите со јавноста, ве молиме контактирајте нè на contact@fgm.org.mk или 076 406 996.