Донирајте компјутер, дадете надеж

„На гладниот дај му риба и ќе го најадеш за еден ден. Научи го да лови и ќе биде сит цел живот!“

– Конфучиј

Во духот на оваа мудрост, Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, во соработка со  Министерството за труд и социјална работа и домот за деца без родители „11 Октомври“ и со помош на општествено одговорни компании и индивидуални донатори од земјата и странство, се обидува на децата без родители и родителска грижа да им даде шанса за подобра иднина обезбедувајќи им (користени) компјутери и обуки за англиски јазик и компјутери.

Доколку поседувате користен(и), но целосно функционален компјутер(и) кој повеќе не ви е потребен, ве покануваме да го донирате за оваа благородна цел. Исто така, можете да донирате и паричен износ по ваш избор. Собраните средства ќе бидат употребени за реализација на обуките.

Инструкции за донирање

  1. Проучете ги деталите на нашата веб страница*
  2. Доставете ни спецификација за опремата пополнувајќи го овој онлајн формулар
  3. Потпишете договор за донирање
  4. За финансиска донација кликнете на овој линк

* забелешка – за донирање компјутери од странство важат посебни правила

Со ваша помош, можеме да направиме голема разлика во животите на овие деца, овозможувајќи им еднакви можности за учење и развој.

Ако не можете да донирате, споделете ја оваа информација со вашите пријатели. Тоа исто така помага!

Во името на децата Ви благодариме однапред за вашата поддршка и придонес за нивна подобра иднина.

Фондација Ѓорѓи Марјановиќ