Search
Close this search box.

ЦИР­КУ­ЗАН­ТСТВО

31.07.1999

Мно­гу­ми­на што ре­дов­но ме чи­та­а во сре­ди­те ми се ја­ву­ва­а (или при сред­би на ули­ца ми се об­ра­ќаа) да ми ка­жа­т де­ка, на­вод­но, мно­гу им не­дос­ти­га­ле мо­и­те ко­лум­ни во ДНЕВ­НИК. На си­те по ред им ја рас­ка­жу­вав (и сè уш­те им ја рас­ка­жу­вам) след­на­ва при­каз­на: го гле­да­м еден ден ве­чер­ни­от днев­ни­к на МР­ТВ-ата и што да ви­да­м – Ци­ле На­ци­о­на­ле држи три­би­на во До­мот на кул­ту­ра­та во Штип. Поз­на­та ми е са­ла­та. Та­му и Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, на по­че­то­ци­те од плу­ра­лиз­мот, се оби­де да ги ос­во­и ср­ца­та на Штип­ја­ни. Во са­ла­та има­ше сто­ти­на лу­ѓе и во­оп­што не ми из­гле­да­а мно­гу заг­ре­а­ни за иде­и­те за прав­на држа­ва по ев­роп­ски терк. Се­га гле­да­м во ек­ра­нот и не мо­жа­м да им ве­ру­ва­м на очи­те: за Ци­ле дош­ле сто­ти­ци и сто­ти­ци Штип­ја­ни. Се из­на­пи­ка­ле и во па­са­жи­те ме­ѓу бло­ко­ви­те. Ги има тол­ку мно­гу што “не­ма ку­де иг­ла да пад­не” (што ве­ла­т Ку­ма­нов­ци). На­род же­лен за при­каз­ни од Да­леч­ни­от Ис­ток. Ис­ти­от мо­мен­т ре­шив да му от­ка­жа­м на ДНЕВ­НИК: не­ма смис­ла, не е чо­веч­ки, да им го ра­си­пу­ва­м ќе­и­фот на тол­ку мно­гу лу­ѓе, што го гол­та­а се­кој Ци­лев збор.

Прес­та­нав со ко­лум­ни­те и се фр­лив на пре­ве­ду­ва­ње­то на Пруст. Тој ми е ста­ра љу­бов. На вре­ме­то, ко­га ис­то тол­ку неп­ро­мис­ле­но во­ју­вав про­тив т.н. “вер­ба­лен де­ликт” и ко­га си­те ми ве­ле­а де­ка за так­ва ра­бо­та не­ко­гаш се оде­ло на еден ро­ман­ти­чен јад­ран­ски ос­тров, јас си мис­лев ва­ка: Доб­ро де! Да ре­че­ме де­ка де­нес не ми ги­на­т 3-4 го­ди­ни! Управ­ни­к на Ид­ри­зо­во то­гаш бе­ше мо­јот при­ја­тел Ца­не Стоја­нов­ски. Ќе го за­мо­ла­м да ми да­де ед­но соп­че во “ви­ла­та” пок­рај Вар­дар, за три го­ди­ни ќе ѝ го по­да­ра­м на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра го­ле­ми­от цик­лус на Прус­т “Во пот­ра­га по за­гу­бе­но­то вре­ме” (пет­на­е­се­ти­на то­мо­ви).

Ар­но ама, не да­де Гос­под! Д-р Вла­до Кам­бов­ски, мо­јот уче­ни­к по кри­вич­но пра­во и гла­вен пар­тис­ки “об­ви­ни­тел” во слу­ча­јот Мар­ја­но­ви­ќ (си­те то­гаш се оп­ре­де­лу­ва­а ме­ѓу Мар­ја­но­ви­ќ и Кам­бов­ски и, се раз­би­ра, глав­но се оп­ре­де­ли­ја за не­го­ва­та ве­ле­у­че­ност, а про­тив мо­е­то цир­ку­зан­тство; кој не ве­ру­ва не­ка ја про­чи­та мо­ја­та со­ти­ја СТРУ­ЧЕН ТРУД, па ќе се уве­ри), сто­ри сè што непог­реш­ли­ва­та Пар­ти­ја ба­ра­ше од не­го, но до зат­вор не вта­сав. И сè зав­рши со ед­на пар­тис­ка опо­ме­на, по ко­ја, јас де­мон­стра­тив­но го на­пуш­тив СКМ. А се зна­е што би­ду­ва ко­га јас ќе из­ле­за­м од не­ка­де: сè про­па­ѓа зад ме­не. Се па­ла­т ос­нов­ни учи­лиш­та (ку­ма­нов­ско­то), се ури­ва­ат гим­на­зи­и (Ј. Б. Ти­то, на мес­то­то на де­неш­на­та Вла­да) и фа­кул­те­ти (Прав­ни­от фа­кул­тет на мес­то­то од го­ле­ми­от пар­кин­г пред Хо­тел ГРАНД), суд­ски ба­ра­ки, ка­сар­ни. Та­а нес­ре­ќа не мо­же­ше да ја од­бег­не ни СКЈ. Штом си из­ле­гов од не­го, тој се рас­пад­на, а со не­го и Ју­гос­ла­ви­ја.

Не­ус­пе­хот на мо­и­те пар­тис­ки дру­га­ри, ме­ѓу­тоа, бе­ше на­ед­но и го­ле­ма ште­та за ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра. Јас не оти­дов в зат­вор и Прус­т ос­та­на неп­ре­ве­ден. Е се­га, ко­га ви­дов де­ка ид­ни­на­та на ма­ке­дон­ски­от на­род е во си­гур­ни раце (Ци­ле, Вла­до и Са­во Кли­мов, кој во ме­ѓув­ре­ме ста­на “Кли­мов­ски”, што ни­ко­гаш не му го прос­тив), ре­шив да му се вра­та­м на Пруст. Уба­во нап­ре­ду­ва­м со пре­во­дот, иа­ко не сум мно­гу си­гу­рен де­ка ќе ми ус­пе­е да го об­ја­ва­м (ба­ре­м не на држа­вен тро­шок): за па­ри­те во из­да­вач­ка­та деј­нос­т тре­ба да од­лу­чи мо­јот не­ко­га­шен при­ја­тел д-р Ди­ми­тар Ди­мит­ров со кре­мот на ма­ке­донш­ти­на­та прет­ста­вен во ли­це­то на Ср­бин Мла­де­нов­ски, чо­ве­кот што на вре­ме­то ја про­мо­ви­ра­ше Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја во Гос­ти­вар, а сет­не, иа­ко ич не му ли­чи на име­то, од­не­на­деж ре­ши да се бу­гар­чи (и Бо­га ми, со по­мош на д-р Ди­мит­ров, а за доб­ро­то на мај­ка Б’л­га­ри­ја, со­се­ма уба­во нап­ре­ду­ва). Ту­ку, јас не се да­вам! Што сум на­мис­лил ќе би­де (ако е Бож­ја вол­ја!). Има­м дос­та при­ја­те­ли, ќе со­би­ра­ме па­ри на­о­ко­лу, па ако не да­да­т ѓоа-најМа­ке­донци­те, ќе да­да­т не­ко­и про­да­де­ни (не­бу­гар­ски) ду­ши! А Ма­ке­до­ни­ја Прус­т ќе го има!

Ар­но ама, ка­ко што е Гос­под, ни­кој не е! Мо­јот пар­тис­ки ми­ле­ни­к и нас­лед­ни­к од­не­на­деж ре­ши де­ка на Ма­ке­до­ни­ја не ѝ тре­ба­ла ни­как­ва Ли­га за де­мок­ра­ти­ја ту­ку са­мо и единстве­но ВМРО-ДПБ­НЕ и си да­де ос­тав­ка. А она ма­лу лу­ѓе што ос­та­на­а од не­ко­гаш­на­та (и она­ка не мно­гу го­ле­ма Ли­га) зап­на­а де јас, па јас, да сум се вра­тел на неј­зи­но­то че­ло. И та­ка бид­на! Да не бе­ше зна­чи Тор­тев­ски и не­го­ва­та из­ја­ва де­ка ед­на пар­ти­ја не мо­же­ла да жи­ве­е са­мо од со­оп­ште­ни­ја јас не­ма­ше да се фа­та­м на гр­до­то оро што се на­ре­ку­ва по­ли­ти­ка или – со реч­ни­кот на ве­ле­у­че­ни­от ко­ле­га Кам­бов­ски: “цир­ку­зан­тство”.

За чу­до, мо­јот драг при­ја­тел (и до­бар прав­ник!) Ре­пуб­лич­ки­от ја­вен об­ви­ни­тел при­ја­ва­та на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја во­оп­што не ја сме­та за цир­ку­зан­тска. Има из­ја­ва на Ци­ле, об­ја­ве­на во НО­ВА МА­КЕ­ДО­НИ­ЈА, а во не­а Ци­ле, цр­но на бе­ло, ка­жу­ва: про­ви­зи­ја­та би­ла нор­мал­на бе­лосвет­ска ра­бо­та, а ко­га фа­ти­ле (со Тај­ванци­те) да раз­го­ва­ра­ат за не­а им да­ле тврда бе­са де­ка со 40-те ми­ли­о­ни дој­ч­мар­ки ќе из­гра­да­т Фил­хармо­ни­ја, бол­ни­ца и спорт­ска са­ла. То­а ќе би­ло нив­но до­на­торт­сво. Сет­не ми ка­жу­ва­а де­ка Оли­ве­ра Трај­ков­ска, на­вод­но, го пра­шу­ва­ла ми­нис­те­рот Са­ше Ди­мит­ров чи­и ими­ња ќе ги но­са­т до­на­ци­и­те, па (ако лу­ѓе­то доб­ро се се­ќа­ва­ат), спо­ред ми­нис­те­рот, Фил­хармо­ни­ја­та ќе го но­се­ла име­то на Ци­ле, Бол­ни­ца­та на Ва­ња од Па­лер, а спорт­ска­та са­ла – не­го­во­то!

Ци­ле ќе тре­ба ова да го пов­то­ри пред јав­ни­от об­ви­ни­тел, па ако тој са­м (или за­ед­но со дру­га­ри­те од ДА) ги зел па­ри­те, ќе мо­ра да ка­же ка­де се ти­е 40 ми­ли­о­ни дој­ч­мар­ки, ко­га им ги при­ја­вил на фи­нан­сис­ки­те влас­ти и кол­ку па­ри да­нок пла­тил за нив. Ко­га ќе го сврши то­а ќе мо­же со чис­т об­раз да ју­ри­ша на прет­се­да­тел­ска­та фо­тел­ја. Јас јав­но ве­тив де­ка ќе го це­ли­ва­м Ци­ле што ко­неч­но ќе ѝ по­да­ри згра­да на Фил­хармо­ни­ја­та (иа­ко та­му ни­ко­гаш не сум го ви­дел, за раз­ли­ка од Вла­до Кам­бов­ски кој пред еден концерт др­же­ше не­как­ва бе­се­да за чо­ве­ко­ви­те пра­ва ли, за Обе­ди­не­ти­те на­ци­и ли, се­га ве­ќе не се се­ќа­вам. Зна­м са­мо де­ка во па­у­за­та на концертот ве­ќе го сне­ма) и то­а ќе го сто­рам. Се раз­би­ра, ако не се бу­ни!

Ци­ле мо­же да по­ста­пи и по­и­на­ку! Да ка­же де­ка спо­ме­на­та­та не­го­ва из­ја­ва во НО­ВА МА­КЕ­ДО­НИ­ЈА е чис­та мис­ти­фи­ка­ци­ја, де­ка ја из­мис­лил не­кој не­доб­ро­на­ме­рен но­ви­нар и де­ка тој ни­ко­гаш не ве­ту­вал ни фил­хармо­нии, ни бол­ни­ци, ни­ту пак спорт­ски са­ли. Се пла­ша­м са­мо де­ка то­гаш ќе де­мо­ти­ви­ра мно­гу­ми­на од они­е што бе­а ре­ше­ни да гла­са­ат за не­го ток­му по­ра­ди вер­ба­та во ови­е из­мис­ле­ни при­каз­ни.

А на след­ни­от Из­вршен од­бор на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја ќе пред­ло­жа­м да на­пи­ше­ме пис­мо до Вла­да­та на Ма­ке­до­ни­ја да раз­мис­ли за про­фе­си­о­нал­на­та (и по­ли­тич­ка­та!) по­доб­нос­т на ми­нис­те­рот за прав­да за ко­го кри­вич­но­то де­ло да­ноч­но за­та­ју­ва­ње е чис­то цир­ку­зан­тство!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.