Македонски јазик
Грижејќи се јазикот го чуваме идентитетот.
Една од работите по која е познат Ѓорѓи Марјановиќ е неговата љубов кон јазиците и преведувањето. Македонскиот јазик, особено литературниот, отсекогаш бил важни за него.
Освен голем број научни трудови и учебниците по предметот Кривично право кои ги има напишано како професор на правниот факултет во Скопје, тој ја има напишано сотијата Стручен труд, прво вакво дело од ваков вид во македонската книжевност. Освен тоа, има преведено голем дела од француски и германски јазик а најзначаен меѓу нив е преводот на собраните дела на Марсел Пруст. Она по кое што е помалку познат Ѓорѓи Марјановиќ, е неговата лекторска активност на трудови на своите колеги, професори и асистенти на Правниот факултет во Скопје.
Во времето во кое живееме, зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик станува едно од мошне важните идентитетски прашања за македонскиот народ, независно каде се наоѓа. Од овие причини, сосема логично, ова станува една и од стратешките определби на фондацијата.
Со цел заштита и негување на литературниот македонски јазик, фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ во соработка со филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје и други партнерски организации од земјата и дијаспората ќе организира онлајн курс за македонски јазик и летна школа за македонски јазик, литература, историја и култура.
Сакаш да помогнеш?
Придружи му се на нашиот тим задолжен за реализирање на оваа активност.