Search
Close this search box.

Бранко Тричковски

Напишано од Бранко Тричковски, новинар

Утре да ми речат: Тричко, не туку мрчи, кажи двајца големи луѓе од Македонија, јас ќе речам.

Ѓорѓи Марјановиќ.

Ако ме прашаат: А вториот, кој е вториот на твојата ранг листа?

И вториот и третиот, ќе речам, се во овој човек.

Тоа е.

Го сакав затоа што и во знаењето и во ангажманот, дури и во позата, да и во јазикот на кој пееше, имаше нешто што ми импонираше, ме извлекуваше од провинцијата на духот и ми помагаше да ги истресам комплексите со кои ме беше дарувала Македонија како куче вишиците вода.

Македонија успеа да го маргинализира како политичар затоа што тој имаше амбиции од Македонија да направи пристојно место за живеење а таа имаше амбиции да се претвори во проститутка за простаци и глупаци.

Каква перверзија.

Гледам во реакциите не се споменува неговото грандиозно дело: Преводот на Пруст.

Јас имам многу сериозни забелешки за ниските плафони кои ни ги поставува македонскиот јазик, но во преводот на професорот Марјановиќ се соочив со неверојатните потенцијали на јазикот, тука македонскиот е на едно друго ниво, тоа дело не е само добар превод на Пруст, туку е превод на македонскиот јазик во Пруст.

Нека се одмори малку човекот од Македонија и од нас.

Сочувство до семејството.