Овде ќе најдете одговори на најчестите прашања за пријавувањето, изборот на книга, подготовката, снимањето и учеството на Натпреварот во раскажување.
Пријавата се прави преку формуларот за пријавување на Натпреварот во раскажување. Родителот ги внесува своите податоци и податоците за детето, а потоа ја потврдува својата e-mail адреса.
По успешната пријава, детето добива свој профил преку кој може да се следи учеството и да се доставуваат снимки.
Потврдената e-mail адреса ни овозможува да знаеме дека пријавата навистина ја поднел родителот и дека можеме безбедно да Ви испраќаме важни известувања за учеството на Вашето дете.
Да. Еден родител може да има повеќе деца поврзани со својот профил.
Секое дете има сопствен профил и сопствени снимки.
По најавувањето во системот ќе можете да ги видите децата што се поврзани со Вашиот профил и да го отворите профилот на секое од ни
Детето има голема слобода при изборот на книга што сака да ја прочита и раскаже.
Најважното ограничување е книгата да не биде дел од официјалниот список на лектири што не може да се користат на Натпреварот.
На Натпреварот не може да се учествува со книга што се наоѓа на официјалниот список на лектири на Бирото за развој на образованието што го користиме за тековниот циклус.
Ова правило важи без оглед на тоа за кое одделение е предвидена лектирата.
Пред детето да започне со подготовка, проверете ја книгата на страницата https://fgm.org.mk/lektiri-koi-ne-moze-da-se-raskazuvaat/
Важно е проверката да ја направите пред детето да вложи време во читање, подготовка или снимање.
Пишете ни на contact@fgm.org.mk и наведете ги насловот на книгата и авторот. Најдобро е проверката да ја направите пред детето да започне со подготовка.
Не.
Книгата може да биде позајмена од библиотека, од училиште, од пријател или да биде книга што веќе ја имате дома.
Важно е детето навистина да ја прочита книгата и таа да биде дозволена за учество.
Најважно е детето да ја прочита книгата, да ја разбере приказната и потоа да ја раскаже со свои зборови.
Не очекуваме напамет научен текст. Раскажувањето треба да звучи природно и да покаже дека детето ја разбрало книгата.
Не.
Целта не е детето да рецитира однапред научен текст, туку да покаже разбирање, способност за раскажување и јасно изразување.
Детето не треба да ја прераскажува целата книга збор по збор.
Треба со свои зборови да ја пренесе суштината на приказната, важните ликови и настани и да избере дел што ќе биде интересен за слушателите.
Добриот настап треба да го заинтересира слушателот за книгата и да го поттикне да сака самиот да ја прочита. За повеќе детали посетете ја оваа страница:
Траењето треба да биде во согласност со актуелните правила на Натпреварот односно не повеќе од 3 минути.
Важно е настапот да биде доволно долг за детето јасно да ја пренесе приказната, но да не се претвори во целосно прераскажување на книгата.
„Јавно говорење за деца“ е онлајн курс што им помага на децата да развиваат вештини за појасно, посигурно и поинтересно изразување.
Материјалите од курсот може да се користат и како помош при подготовката за настапите на Натпреварот.
Со охрабрување, слушање и вежбање.
Најдобро е да не му го подготвувате раскажувањето наместо него. Разговарајте за книгата, поставувајте прашања и помогнете му само да открие како најдобро да ја раскаже приказната.
Не чекајте стравот целосно да исчезне пред детето да започне да настапува.
Најдобар начин да стекне сигурност е постепено да вежба пред публика.
Започнете со една блиска личност, потоа со двајца или тројца членови на семејството или другари, а постепено зголемувајте ја публиката.
Не барајте совршен настап. Целта е со секое ново раскажување детето да се чувствува малку посигурно.
Потсетете го дека Натпреварот не постои само за да се изберат победници.
Читањето, разбирањето на книгата, подготвувањето на приказната и самиот обид да се настапи пред други се вредни искуства сами по себе.
Не споредувајте го со други деца. Споредувајте го со неговиот претходен обид.
Обидете се да откриете што е причината: книгата не му е интересна, му е тешко да ја организира приказната, се срами од камерата или се плаши дека ќе погреши.
Потоа решавајте само еден проблем во исто време.
Тоа е сосема нормално.
Снимете проба, погледнете ја заедно и изберете една или две работи што ќе ги подобрите при следниот обид.
Препорачуваме да има барем мала публика.
Јавното говорење најдобро се вежба пред вистински слушатели. Публиката му помага на детето да научи да го задржи вниманието на другите, да зборува појасно и посигурно и постепено да го надминува стравот од јавен настап.
Не е потребна голема публика. Доволно е настапот да го слушаат неколку членови од семејството, другари или соученици.
Не.
Подобро е детето да направи искрен и самостоен обид отколку да се откаже затоа што мисли дека настапот не е совршен.
Овластен ментор е лице на кое родителот му дал дозвола да му помага на детето во учеството на Натпреварот.
Тоа најчесто може да биде наставник или друго лице што го подготвува детето.
Овластувањето го дава родителот преку системот на Натпреварот.
Менторот не треба да ја користи корисничката сметка или лозинката на родителот.
Овластениот ментор може да му помага на детето во подготовката и, кога има соодветно овластување, да доставува снимки во негово име.
Училишниот координатор е наставник кој поактивно се вклучува во промовирањето и организирањето на учеството на учениците од своето училиште.
Фондацијата има посебна страница „Ресурси за наставници“ со материјали за работа со ученици и за промовирање на Натпреварот.
Снимката треба јасно да го прикажува и да го слуша детето додека раскажува.
Не е потребна професионална камера или студиска опрема.
Не.
Добра светлина, мирна просторија и стабилно поставен мобилен телефон најчесто се сосема доволни.
Во системот на Натпреварот не се прикачува голем видео-фајл директно.
Наместо тоа, снимката прво се поставува на YouTube, а при доставувањето во системот се внесува YouTube линкот.
За да ја поставите снимката на YouTube потребно е да креирате свој YouTube канал. Ако за прв пат го правите тоа, проучете ги деталните инструкции на страницата Инструкции за креирање YouTube канал..
Штом го креирате каналот, следен чекор е поставување на видеата. Деталните инструкции за поставување на видео снимка од мобилен е опишана на овој линк.
Видеото треба да биде достапно најмалку како Unlisted.
Доколку сакате, може да биде и Public. Тоа е целосно по Ваша одлука.
Не смее да биде Private, бидејќи во тој случај нема да можеме да пристапиме до снимката.
Откако видеото ќе биде поставено на YouTube, преку профилот на детето се внесува линкот до видеото и останатите потребни податоци.
Снимка може да достави родителот.
Ако родителот овластил ментор за детето, снимка може да достави и овластениот ментор.
Не.
Секое лице го користи сопствениот пристап.
Еден учесник може да достави најмногу 4 снимки во период од 30 дена.
Снимката ја прегледува Фондацијата.
Ако ги исполнува условите, ќе биде одобрена и објавена на веб-страницата на Натпреварот.
Ако е потребна корекција, ќе добиете известување.
Снимката оди на преглед кај Фондацијата.
Се проверува дали ги исполнува правилата и дали може да биде објавена.
Ако е потребна корекција, ќе добиете известување со информација што треба да се промени.
Целта е поправливите проблеми да се отстранат и снимката да може правилно да се достави.
Откако ќе биде прегледана и одобрена, снимката ќе биде објавена на веб-страницата на Фондацијата.
Родителот автоматски ќе добие e-mail известување со директен линк до објавениот настап.
Рокот за доставување снимки е 31 мај 2027 год.
Првите 30 натпреварувачите со најголем број прочитани книги од секоја категорија ќе учествуваат во суперфинале, односно ќе имаат настап во живо пред публика а настапот ќе го оценува стручна жири комисија.
Суперфиналето е настан кој се одржува по завршувањето на учебната година, во библиотеката на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.
Суперфиналето е настан на кој натпреварувачите имаат настап во живо кој се изведува по истите правила како и снимените настапи. Нивниот настап го оценува стручна жири комисија составена од представници на:
Прво проверете ги Spam, Junk или Promotions папките.
Ако пораката не ја пронајдете, контактирајте ја Фондацијата.
Пишете ни на contact@fgm.org.mk и наведете ја e-mail адресата со која сте се регистрирале.
Никогаш не ни ја испраќајте Вашата лозинка.
Проверете дали видеото е поставено како Unlisted или Public.
Ако е Private, нема да можеме да пристапиме до него.
Проверете дали сте најавени со правилната сметка, дали го отворате профилот на соодветното дете и дали YouTube линкот е валиден.
Ако проблемот остане, контактирајте нè.
Пишете ни на contact@fgm.org.mk
Во пораката наведете го името на детето и кратко опишете го проблемот.