Search
Close this search box.

Правила, услови и инструкции за натпревар во раскажување

Обврска на родителот или старателот е внимателно да ги прочита и да ги дискутира заедно со своето дете подолу наведените работи.

1. Подобност
На натпреварот може да учествуваат ученици од сите основни училишта на територија на република Северна Македонија.

2. Јазик
Јазик на натпреварот е македонски.

3. Пријавување
Пријавувањето на учесниците го врши родителот или старателот на учесникот со пополнување онлајн пријава. Учеството во натпреварот е бесплатно.

4. Времетраење на натпреварот
Натпреварот е составен од два дела:

  • Првиот дел, со времетраење од 12 месеци, е дел во кој учесниците читаат книги, ги раскажуваат пред врсници додека родителот ги снима со мобилен и потоа ги доставуваат снимките.
  • Вториот дел наречен суперфинале е настан кој се реализира со физичко присуство, пред публика и жири комисија. Во суперфиналето учествуваат учесници со најголем број прочитани книги.

Вкупното времетраење е 12 месеци. Датумот на суперфиналето ќе биде дополнително објавен но ќе биде во јуни 2024 г.

5. Обука за јавен говор
По пријавувањето, на емаил адреса на родителот или старателот ќе бидат доставени потврда за прием на пријавата за учество на неговото дете и инструкц ии за пристап до онлајн курсот за јавно говорење. Овој курс е однапред снимен, може да се следи од компјутер или мобилен, во било кој дел од денот. Целта на оваа обука е учесникот да научат како да го подготват својот настап. Обуката освен за деца корисна е и за родители.

6. Избор на книги за читање
Учесникот има целосна слобода во избор на книги кои ќе ги чита, сé додека не се работи за лектири. Лектирите се задолжителни за читање и обработка по предметот македонски јазик но со нив не може да се учествува на овој натпревар. Учесниците се охрабруваат да побараат препорака за избор од најблиската библиотека или пак да ги погледнат овие препорачани наслови:

 

7. Обезбедување книги за читање
За учествување на овој натпревар купувањето книги не е задолжително. Учесникот може да ја позајми од другар или роднина, да ја изнајми од библиотека или, ако тоа родителите го одобрат, да купи. За да научите како да откриете дали некоја книга е достапна за изнајмување во некоја од библиотеките, погледнете го ова видео.

Со цел да ги поттикне децата не само на читање туку и на создавање сопствена библиотека, фондацијата во соработка со издавачките куќи ќе им обезбеди картички со кои ќе може да си купат книги со попуст кој ќе важи за сето времетраење на натпреварот.

8. Подготовка за раскажување
Откако ќе ја прочита книгата, учесникот се подготвува за раскажување. Раскажувањето ќе биде исклучиво усмено, временски ограничено на 3 минути и треба да ги содржи следниве елементи:

  1. ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    Претстави се со твоето име и наведи го насловот на книгата.
  2. КУС ОПИС НА КНИГАТА
    За што се зборува во книгата (во една реченица)?
  3. ГЛАВНИ ЈУНАЦИ
    Кои се  главните јунаци во книгата?
  1. ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
    Кога и каде се случуваат настаните опишани во книгата?
  2. РАСКАЖУВАЊЕ ЕДЕН НАСТАН

Одбери една случка од книгата која ти оставила најсилен впечаток*. Раскажи ја таа случка и, кога ќе дојдеш до најинтересниот односно највозбудливиот дел остави ја публиката во неизвесност, завршувајќи со зборовите: „Ако сакате да дознаете како продолжува приказната, прочитајте ја книгата „НАСЛОВ НА КНИГАТА“ од „ИМЕ НА АВТОРОТ“

Важно*: На линковите:

може да ги погледнеш сите претходно доставени снимки од другите натпреварувачи. Пред да се подготвиш за чекорот 4, провери некој друг натпреварувач да не ја има одбрано истата случка од книгата која и ти сакаш да ја раскажеш. Во тој случај одбери друга случка од истата книга.

9. Подготовка за снимање
Со оглед на тоа што учесниците треба да достават снимка од раскажувањето на книгата која ја прочитале, потребно е тој настап претходно да се подготви. Колку е подобра подготовката, толку ќе биде подобар крајниот резултат. Оваа подготовка најдобро е секој натпреварувач да ја прави кога е сам во соба (или било која просторија), снимајќи си се со помош на предната камера од мобилниот телефон. Овие снимки не се доставуваат никому а му служат на натпреварувачот да ги утврди и елиминира слабостите во неговиот настап.

10. Поканување публика
Кога учесникот ќе биде подготвен, следен чекор е да покани публика пред која ќе ја раскаже книгата. Најдобро е тоа да бидат врсници – може да бидат соученици, другари или другарки од соседството, но може да бидат и членови на семејството.

11. Снимање

По подготовката за раскажувањето и обезбедувањето публика (доволни се 2-3 лица), родителот го снима настапот на своето дете пред публиката.

Ако детето има свој мобилен, најдобро е да го снима со неговиот/нејзиниот мобилен.

Снимањето треба да се направи на тивка локација, по можност на дневна светлина. Раскажувањето се прави усмено, во стоечка позиција.

При снимањето треба да се внимава:

  • положбата на камерата да биде во легната позиција,
  • мобилниот да се држи во стабилна позиција, со две раце, без движење,
  • раскажувањето да заврши така што детето ќе ја покаже насловната страна од книгата,
  • детето да ѝ се обраќа на публиката односно да гледа кон неа а не кон мобилниот.


За да се заштити приватноста на публиката најдобро решение е родителот да седи зад публиката и на тој начин ќе ја сними публиката од зад грб. 

По завршување на снимањето потребно е да се направи фотографија (исто така во легната позиција т.е. landscape формат) која во левата половина го прикажува детето а во десната е насловната страна од книгата. Книгата треба да е во преден план и во висина на лицето, односно како на сликава.

12. Доставување на снимката
По снимање на раскажувањето, снимката прво се поставува на YouTube на канал на учесникот. Тоа е активност која на почетокот учесникот може да ја прави заедно со својот родител или старател а, откако ќе научи како тоа се прави, во иднина ќе може и само ова да го прави. Следен чекор е доставување линк од видеото до веб страната на натпреварот. Секој натпреварувач ќе добие свое корисничко име и лозинка кои ќе му овозможат да ги објавува снимките од раскажувањата на прочитаните книги.

Напатствија:

 
ОГРАНИЧУВАЊА: Максимален број снимки кои може да се достават едновремено во период од 30 дена е 4.


13. Објавување на снимките 
По доставувањето на снимките, тие се прегледуваат и по одобрувањето се објавуваат на веб страницата на фондацијата:

 

14. Споделување на снимките на социјални мрежи
Споделувањето на снимките од натпреварувачите е доброволна активност која можат да ја прават натпреварувачите и нивните родители. Целта на споделувањето е да се охрабрат и поттикнат што е можно повеќе деца да се вклучат во натпреварот. 

Споделувањето се прави на тој начин што, по одобрувањето и објавувањето на снимката на веб страната на фондацијата, се кликнува на некоја од иконите:


Алтернативно, можете да кликнете и на копчето Share (Сподели) 

Доколку одлучите да споделите снимка, означете 3 пријатели и напишете го следниот текст (или составете свој:

„Го прифатив предизвикот да учествувам во натпреварот во раскажување и да освојам вредни награди. Со ова ги предизвикувам (тагнете 3 другари) да го прифатат истиов предизвик. За повеќе детали и пријавување посетете ја веб страната: www.fgm.org.mk“

15. Финален настап
За секоја прочитана и раскажана книга и со доставена снимка, секој натпреварувач добива  по еден поен. Првите 30 натпреварувачите со најголем број прочитани книги од секоја категорија ќе учествуваат во суперфинале, односно ќе имаат настап во живо пред публика а настапот ќе го оценува стручна жири комисија.

16. Приватност на податоци
Сите податоци кои родителот или старателот ќе ги достави при пријавувањето ќе се третираат како деловна тајна и нема да бидат доставени на трети лица или организации. Доставените податоци ќе бидат употребени исклучиво за потребите на организирање на натпреварот.

17. Поврзаност со други активности
Учествувањето на натпреварот за раскажување ќе се смета како основен предуслов за запишување на натпреварувачите на Академијата за идни лидери „Ѓорѓи Марјановиќ“. Школувањето на оваа академија ќе биде бесплатно за сите учесници.